Достапни линкови

Изјаснување за оставка, уставен, но несоодветен принцип


Принципот - изјаснување за оставка во Соединетите Американски Држави му овозможи на филмскиот актер Арнолд Шварценегер да седне на гувернерската фотелја во Калифорнија. Според многумина експерти, ваквиот принцип иако е уставен не соодветствува со американските политички принципи.

Во првиот говор по победата новиот гуверенер на Калифорнија Арнолд Шварценегер, кој се уште не ја презеде функцијата, најави дека ќе ги намали даноците за автомобили. Тоа е една од мерките што ги ветуваше за време на кампањата за сменување од гувернерското место на демократот Греј Дејвис кој се соочи со гласање за отповикување поради лошото водење на економијата на Калифорнија – трета најголема во светот и поради буџетскиот дефицит од скоро триесет и осум милијарди долари. Не само законите во Калифорнија дозволуваат отповикување на јавни функционери. Овој принцип, донесен пред девет децении, е во сила и во други американски држави. Имено, членот на претставничкиот дом, демократот Денис Куцинич за малку ќе беше победен на изјаснувањето за негово отповикување во 1978 година кога беше градоначалник на Кливленд во Охајо. Политичкиот аналитичар Лери Сабато од Универзитетот во Вирџинија смета дека ваквиот принцип не е неуставен. Но, според него, тој не е во согласност со визијата на творците на американскиот Устав во врска со претседателите или гувернерите како носители на извршната власт во Соединетите Држави. Сабато за Радио Слободна Европа вели дека американскиот систем е многу поразличен од парламентарните системи во Европа. Тој објаснува дека тие системи се унитарни бидејќи нивните премиери и влади се дел од самите парламенти.

„Во Соединетите Држави имаме одвојување на моќта. Нашите создавачи на Уставот не веруваа во моќта и затоа ја одвоија извршната од законодавната власт и извршната и законодавната од судската власт.“

Тоа значи дека во Соединетите Држави, законодавниците се избираат независно од претставниците на извршната власт. Тоа на овие вторите им дава можност да спроведуваат сопствена политичка програма. Сабато забележува дека создавачите на американскиот Устав со цел да не доаѓа до предвремено сменување на претседателите и на гувернерите предвидоа тоа да се прави преку инпичмент и само за криминални обвинувања.

„Отповикувањето е во спротивност со намерите на уставотоворците. Тие силно веруваа на фиксирани термини. Тие веруваа дека извршната власт може да биде сменета само за потешки кривични дела и тоа преку импичмент.“

Вели Сабато кој додава дека постојат и други проверки на моќта на американските претседатели и гувернери кои се поразумни од изјаснувањето за нивно отповикување.
XS
SM
MD
LG