Достапни линкови

Светската банка не го признава списокот доставен од министерството за здравство


Светската банка не го признава списокот доставен од министерството за здравство на кој се впишани имињата на 1200-те вработени од оваа дејност кои ќе мора да ги напуштат своите работни места. Аргументот на луѓето од светската банка е дека на списокот се наоѓаат веќе пензионирани лица и лица кои доброволни ги напуштиле своите работни места.

„Има проблеми. Светска банка не ги прифаќа сите овие одвработувања. Меѓутоа, ако гледаме во техниката на проектот, тука нема разлики“

вели Симо Силјановски претседател на синдикатот на здраствените работници. Светската банка инсистира на местото на овие луѓе кои по број изнесуват 700 да се впишат нови здравствени работници кој ќе треба да ги напуштат своите работни места. За сега, по ова прашање ставот на синдикатот е категоричен.

„Технолошки вишок е технолошки вишок. И мислам дека ние најдобро си ја знаеме позицијата на здравството и на потребите во него“

Како решение за намалување на бројот на здравствените работици синдикатот го нуди имплемнтирањето на најавените реформи во фармацијата и стоматологијата како гранки во здравствениот систем.

„Најлесна и почетна меѓуформа е закупот со што би се гарантирал опстанокот на работните места и позицијата на таа апотека, дека се уште е во рацете на здравството, и понатаму да се направи актот на приватизација“

И покрај фактот што не е предвидено комплетно приватизирање на аптеките, само за исплата на месечни плати и придонеси од секторот фармација буџетот ќе биде растеретен на 700 вработени.

„Оние аптеки кои се директно во примарна и секундарна заштита кои мора да го покриваат и да бидат дел на јавниот сектор каде што фармацевтите се уште ќе бидат под државна капа и персоналот што работи во тие аптеки“

Доколку се споведат реформите во стоматологијата со исклучок на максилофацијалната и оралната хирургија, ордотонцијата и итната и детската стоматологија сите други стоматолошки амбуланти ќе бидат приватизирани, а буџетот дополнително растеретен за плати и придонеси на околу 700 вработени.

„Засега ќе се издава под закуп, при што ние како Синдикат бараме киријата да биде минимална и да се понудат одредени услови кои ќе ги растоварат вработените во старт. Бараме една година упис на матичен стоматолог. И сега тие доктори заедно со екипата ќе формираат приватни микро-здравствени фирми“

За имплементирање на овие реформи неопходно ќе биде донесувањето на законот за здравствена заштита што се очекува да помине на владина седница во текот на наредната недела.
XS
SM
MD
LG