Достапни линкови

Партиите на власт и ДПА се обвинуваат за радикализација


Определбата на Демократската партија на Албанците претставува демонстрација на намера на таа партија за радикализација на состојбите во државата оценува претставникот на комисијата за собирање на оружјето од СДСМ Тито Петковски, коментирајќи ја одлуката на ДПА дека нема да учествува во акцијата за собирање на оружјето.

„Ова практично е легитимација на ДПА на другата страна. Тие веќе се определија за бојкот на акцијата и дури сум подготвен да кажам дека ќе водат антикампања на теренот. Врз таа основа сакаат да ги радикализираат состојбите и на политички план да профитираат“

Образложувјќи ја одлуката на ДПА и на градоначалниците од таа партија кои во најголем број ја претствува локлната самоуправа да не учествуваат во операцијата со која треба да се собере нелегалното оружје Илјаз Халими од оваа партија изјави:

„Состојбата ја радикализира оваа влада - Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана со нивните акции во Сопот, Бреза и Раковец, така што воопшто ние не сме тие кои сакаме да се радикализира. Напротив, сакаме да се воспостави ред и спокојство и луѓето да живеат на начин како што живееја пред 1998 година кога ние бевме на власт“

Со ставот на оваа партија не се согласува претседателот на комисијата за разоружуавање и претставник на партијата во власт ДУИ Гзим Острени при тоа не исклучуавјќи ги последиците врз успешноста на акцијата доколку градоначалниците на ДПА одбијат да ја преземат одговорнста да бидат координатори на операцијата – став што тие претходно го најавија со обрзложение оти не се одговорни за акцијата.

„Сигурно дека ако не сме единствени, тоа ќе има последици. Не се согласувам во однос на собирањето на оружјето да има политика. Собирањето на оружјето е отклонување на опасноста по нашите деца“

Острени рече дека не постојат механизми со кои ДПА може да се натера да учествува во акцијата, но најави разговори со политичките партии во наредниот период за нивно вклучување.

Во оперативниот центар за разоружување во таа насока потсетуваат дека градоначлниците се должни да учествуваат во акцијата како нејзини координатори оценувајќи дека станува збор за акција од национален, а не од партиски интерес. Стручните лица во оперативниот центар потсетуваат дека претствниците на локалната самопупрва за таа нивна функција примаат плата од државата и дека како координтори се назначени од собранието и дека во таа смисла градоначалниците треба да одговорат на обврската а не на полтичките интреси.

Од друга страна пак, Ѓорѓи Трендафилов од ВМРО-ДПМНЕ смета:

„Не гледам каква посериозна улога би имале било кои градоначалници,. Обврската за да се спроведе оваа оперативност, всушност, е обврска на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за одбрана“
XS
SM
MD
LG