Достапни линкови

Според експертите, причина лажните ветувања


При истекот на првата година од функционирањето на новата коалициона влада СДСМ, ЛДП И ДУИ, истражувањата покажуваат за значителен пад на рејтингот на овие партии. Од таму пак велат дека се свесни за тоа. А според експертите тоа е резултат на лажните ветување кои ги даваа пред електоратот овие партии. Премиерот Црвенковски ветува дека ќе ги исполни ветувањата.

„Свесно ја водиме оваа политика којашто ја зацртавме, убедени сме дека таа ќе даде резултати и дека со оглед на тие резултати ќе бидат и вреднувани од страна на граѓаните. Ние добивме мандат на четири години, значи проектиравме политика за четири години.“

А неговиот коалиционен партенр ДУИ не е многу загрижен, иако оваа парија бележи најголем пад на рејтингот и тоа од 12 на 7 насто.

„Ова е нормално, на секоја партија која ги добива изборите И станува дел од извршната власт по извесно време и паѓа рејтингот , значи овие резултати не не загрижуваат бидејки имаме направено доста работи, но и така ќе продолжиме и во иднина,“

вели лидерот на оваа партија Али Ахмети.

Народот се повеќе го губи трпението вели публицистот Ким Мехмети, коментирајќи го падот на рејтингот кај владеачките партии.

„Како што одат годините се повеќе и повеќе се топи тоа трпение, посебно кај младите кои сакаат сега и одма да живеат, а не во некоја ветена иднина каде што нема ни одредени рокови и затоа сметам дека ни се случува тоа преполовување дури и на владеењето на сите власти. Ако гледате вие, првата власт траеше осум години, па четири, јас сега мислам дека ќе им се преполови на две.“

Додека за Јован Донев професор на Филозовскиот Факултет тоа се должи на повеќе работи:

„Првиот елемент е тоа што партиите на власта за време на изборите влегоа со големи ветувања и нормално граѓаните тоа го очекуваа. Меѓутоа, едно се ветувањата кога партијата е во опозиција, а фруга е реалноста кога партијата ќе дојде на власт. Реформите коишто оваа влада ги спроведува директно се одразува и на живтот на граѓаните. Ние имаме зголемена невработеност, нема подобрување на животниот стандард, а меѓуетничките односи и имплементацијата на Рамковниот договор има свое влијание, посебно меѓу Албанците, затоа што таму очекувањата беа многу поголеми.“
XS
SM
MD
LG