Достапни линкови

Висока инволвираност на политиката во здравството


Недостатокот од реагенси, потрошен материјал и основни инструменти на клиниките во Скопје претставува проблем на македонското здравство. Според заменик министерот Никола Пановски оваа година здравствените работници се судруваат со овие тешкотии наследени од минатото, но тој потенцира оти тие кулминирале во изминатите четири години, кога партијата што била на власт со нерегуларните набавки и неконтролираните врабитувања, предизвикала неконтролирано одлевање на парите од здравството и долгови:

„На пример, ако пресметаме дека во последните четири години се вработени околу илјада луѓе. Значи, Клиничкиот центар кој успешно работеше со 3.000 вработени сега има 4.000 и за 1.000 сега се одвојуваат повеќе пари за плата. Ако тоа се земе заедно со придонеси, тоа изнесува 300-400 илјади евра месечно. Замислете кога тие средства би се одвојувале за реагенси“

Со објаснувањето дека причините за лошите состојби во македонското здравство се должат на недомаќинското работење во времето на претходната власт, не се согласува професор доктор Ѓорѓи Оровчанец, кој на функцијата министер за здравство беше назначен кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ:

„Не може по година дена претходниот да биде пак нешто виновен за она што тие сега не знаат да го работат. Ние имаме здравство кое не знае ни колку троши, ни зошто троши. Практично, било што да се прави, вие немате вистински параметри.“

Сепак, доктор Оровчанец вели оти не може да каже дека причина за проблемот во здравството е тоа што политиката е длабоко инфилтирана во секој сегмент на здравтсвото, но вели оти е потребо и изработување на национална стратегија, со која ќе се дефинираат правците на развојот во оваа сфера. Доктор Пановски пак вели, дека на тој план веќе се работи и оти во план е приватизација на некои административни функции во здравството, но според него, потребен е одреден период да се надминат наследените проблеми:

„За да стигнеме до тоа, мораме да издржиме еден период да работиме малку порестриктивно“
XS
SM
MD
LG