Реафирмација на заложбите за интегрирање на Западниот Балкан во Европа, но и потсетување на критериумите и вредностите што секоја земја од регионот поединечно ќе треба да ги исполни доминираа во фокусот на посетата на претседателот на европскиот парламент Пат Кокс на Македонија. Плурална демократија, владеење на правото, економски реформи, почитување на индивидуалните и малцински човекови права. За последново Македонија со рамковниот договор, смета Кокс, е моќен регионален пример.
„Поради тоа не се откажувајте во неговото исполнување, не барајте покуси патишта. За Европската Унија и за европскиот парламент тој е ваш прв и суштински чекор на патот кон европската инетграција врз основа на него вашата решењност за европската интеграција ќе биде оценувана,“
Односите на вашата земја со Европската унија, рече Кокс нема да бидат вреднувани врз основа на изборот што ќе го направите за меѓународниот кривичен суд, им рече Кокс на пратениците кои треба да гласаат за договорот за изземањетро на американските државјани од ингеренциите на овој суд, вие сте суверен парламент на суверена држава.
Изборот е ваш, но дозволете да ви го соопштам изборот што за ова прашање го направи Европа. Ние мислиме дека меѓународниот кривичен суд е вистинскиот одговор за сите диктатори и дека тој во себе содржи заштитни механизми кои ќе спречат негова злоупотреба.
„Ние веруваме дека Меѓународниот кривичен суд е секогаш и во секој случај подобар од Гванатнамо Беј“
рече Кокс и заклучи:
„Европската Унија ќе продолжи да работи со вас. Но, сакам да ви кажам, следната фаза од договорот за стабилизација и асоцијација и вашата долгорочна амбиција целосно членство во Европа ќе бидат извонредно тешки, ние ќе помагаме но главната работа, е ваша одговорност.“