Достапни линкови

Нема пари од државата за сметки за парно греење


Поради набиена агенда и презафатеност тешко е денеска да дојде до средба меѓу премиерот и претставниците на ректоратот на скопските факултети велат во владата по информациите за можно одлагање на стартот на учебната година на високообразовните институции. И барањето на ректоратот за итна средба со шефот на владата и министрите за финансии и образование. Најавата за одлагање на учебната година дојде по вчерашната седница на Ректорската управа на која е отфрлена одлуката на министерството за образование и наука факултетите сами да ги подмируваат трошоците за парно греење. Факултетите вчера донесоа заклучок дека Универзитетот и научните институти не се во можност да ги наплаќаат трошоците за топлинска енергија како што тоа го бара министерството, што не е предвидено во нивните финансиски планови и оти државата овој проблем мора да го реши во најкус можен рок. Сепак работата не е така драматична смета ресорниот министер. Ние сме во постојан контакт со факултетите вели Азис Положани

„Ние ги знаеме можностите на Универзитетот коишто, нормално, се скромни, но ги знаеме и можностите на некои факултети на кои состојбата е сосема поинаква. Ние пристапивме кон рационално решавање на проблемот, во согласност со нашите можности. Тоа што е наша обврска ќе се помогне, но сигурно и тие треба да рефлектираат со одредена реалност во однос на нивните сопствени можности, затоа што ги има на многу факултети“

Според Положани најавите за одложување на стартот на учебната година немаат аргументи во неприфаќањето на одлуката на министерството, ако ништо друго поради фактот што грејната сезона уште не започнала

„Грејната сезона уште не е почната и тие немаат никаква причина тоа да го направат“

Во меѓувреме новоизбраниот декан на филолошкиот факултет Венко Андоновски вели:

„Лично немам намера да се занимавам со прашања за снабдување со нафта и мазут за факултетот, затоа што јас сум школуван за филолог а не сум школуван за накупец на мазут и доколку веќе морам тоа да го правам, тоа ќе го правам на еден поинаков начин – би го претворил универзитетот во нафтена компанија која би работела одлично профитабилно и тогаш ќе немаме потреба и од Министерство за образование“
XS
SM
MD
LG