Достапни линкови

Позитивни оценки


Одлуката за заминувањето на „Конкордија“ на 15-ти декември и неговото заменување со советодавна полициска мисија на ЕУ политичките партии во Македонија ја оценуваат како позитивна.

Безбедносната состојба во земјава сеуште е фрагилна и Македонија има потреба од меќнародно присуство макар и полициско велат во најголемата опозициона партија ВМРО ДПМНЕ:

„Едноставно сметаме дека напорите на Европската Унија се во функција на стабилизација на состојбите во Македонија и во регионот. И сметаме дека има потреба од ваква мисија, затоа што безбедносната состојба во Македонија се уште е фрагилна и со добра волја на сите субјекти можеме да одиме понатаму во стабилизирањето на состојбите“

изјави портпаролот Влатко Ѓорчев. Со сличен став и во ПДП,

„Едно е сигурно: на Македонија и е потребна меѓународна помош, па било тоа да е во форма на меѓународна полиција и професионални совети што имаат за цел да се воспостават нормални односи, посебно во Министерството за внатрешни работи. И, се разбира, најважниот сегмент кој во ова време не е на потребното ниво – тоа е враќањето на довербата кон органите за безбедност“

вели Захир Бектеши. Во ДУИ пак очекуваат и новата полициска мисија да биде исто така успешна како и претходните меќународни воени мисии кои престојувале во земјав, вели Агрон Буџаку.

„Се надеваме дека и полициската мисија ќе биде ефикасна во врска со потребните и предвидени реформи во Министерството за внатрешни работи“

Единствено во опозиционата ДПА сметат дека покрај меѓународното полициско присуство на Македонија поради кревката безбедносна состојба подробнео и меќународно воено присуство.

„Севкупната безбедносна состојба во Македонија не е стабилна и мирот се држи на стаклени нозе. И токму ваквата ситуација во која се наоѓаме ние, налага потреба од едно поголемо меѓународно воено присуство. Ова значи дека покрај европската полиција Проксима во Македонија треба да се стационираат и воени евроатлански безбедносни сили со намера да се потпомогне мирот“

изјави портпаролот на ДПА Демуш Бајрами.
XS
SM
MD
LG