Достапни линкови

Нема вооружени лица кои запоседнале објекти во Тетово


Во МВР велат дека припадницит на ова министерство во Тетово не забелжале вооружени лица кои ги запоседнале објаектите на Тутунскиот Комбинат, Воспитно поправниот дом и Арабати Баба Теќе.

Се работи за лица кои се грижат за безбедноста на објектот вели Борче Пешевски од секторот за информирање при МВР

„Во однос на Тутунскиот комбинат, има чувари кои се вработени од порано кои го обезбедуваат објектот“

Што се однесува до објектите на Воспитно Поправниот Дом и Арабати Баба Теќе, Пешевски информира:

„Во другите два објекти од страна на Министерството не се забележани вооружени групи“

И во Министерството за првада под чија надлежност се восптино поправните домови ги демантираат информациите дека вооружени лица го запоседнале овој објект.

МВР во однос на сопственоста на зградата на Тутунскиот Комбинат кој забрзно се прилагодува за преселување на ТУ кој неодамна доби виза од Владата за негово легализирање го очекува судското решение, по што ќе бидат преземени соодветни мерки, доколку тоа е потребно.

„Во однос на тоа Министерството ја следи состојбата и постапува во врска со ова барање од судот, така што ќе видиме каков ќе биде понатамошниот тек на постапката. Судот би требало да ја води понатаму, а Министерството презема одредени активности од својот делокруг на работа со цел да одговори на ова барање од судот“
XS
SM
MD
LG