Достапни линкови

Стрес и колективно ментално нездравје


Во време на неизвесна безбедносна состојба, константно лоша економска ситуација, безработица, страв да не се изгуби веќе стекнатото, или да се почне нешто ново, Македонија постојано е изложена на опасноста на стресот. Периодот од повеќе од десет години, транзиција и дезорганизација на општеството, кое најпрво донесе несигурност, социјална и економска беда, а потоа и воена криза, е време во кое македонскиот граѓанин, континуирано како што велат експертите, живее во едно колективно ментално нездравје, а тоа неминовно се рефлектира на семејството и секако поединецот и постепено ги руши.

„Во мигот во кој се наоѓаме, многу е присутна неизвесноста за задоволување на елементарните потреби на човекот. Како во семејството, така и во иднината на семејството. Во тоа ментално колективно нездравје во ништо не се гледаат отворени простори и врати кон кои треба да се движиме како што се дивижи светот, односно да забележиме дека и ние сме дел од светот зад кој стои една организирана држава со сите свои институции кои му помагаат на човекот да се чувствива едноставно слободен,“

вели доктор Михаел Левенски.

Живеењето во постојан грч и страв, години наназад е чувство кое граганите во државава, постојано ги следи. Секојдневните безбедносни ицниденти, неиздржливо лошата економска ситуација, резултираа со отуѓеност меѓу луѓето, неможност да се чувствувате безбедно и слободно во сопствената држава живот да не се изгуби работното место, или пак како да се добие, и постојан стрес, што е неминовен во ова време на несигурност, а што секако најмногу се рефлектира на здравјето, велат граганите.

„Па некаде 70 насто од населението живее под стрес. Прво, економската ситуација, политичката, и нормално безбедносната ситуација, војна итн. Сето тоа придонесува стресот да се зголемува.“

„За никаде, од секоја страна да се пазиш. Со никој не можеш да направиш саглам муабет.“

„Секој граѓанин живее под стрес поради оваа немаштија.“


Како резултат на стресот на кој постојано се изложени граганите во државава, Морталитетот според податоците од Државниот завод за статистика од година во година расте. Споредено со претходната, според последните податоци во 2002 година, бројот на починати лица е зголемен за повеќе од илјада.
XS
SM
MD
LG