Достапни линкови

Балканот запоставена сцена во борбата на САД против тероризмот


Постојат три димензии на американската војна против исламскиот свет, се наведува во анализата на американскиот центар за стратегиски предвидувања Стратфор во која се прецизира дека тие се: во Соединетите Држави, во муслиманските земји и во периферијата на тој исламски свет. Во таа периферија, според Стратфор, Балканот е една од запоставените сцени.

Првата димензија е во Соединетите Држави меѓу американските безбедносни сили и оперативниците на Ал Каида во земјата. Втората е во мулиманските држави каде што исламистичките сили се борат против тамошните влади и каде што американските сили се инволвирани – примерот со Ирак и Авганистан. Третата димензија е конфликтот кој егзистира по должината на границите на исламскиот свет каде што муслиманите и немуслиманите се во активна битка. Тука спаѓаат: еврејско палестинскиот конфликт, хиндуско муслиманскиот во Кашмир, православно муслиманскиот во Чеченија, и католичко муслиманскиот на Филипините. Неодамнешната посета на американскиот генерал Ричард Мајерс на Балканот, наведува Стратфор, не потсети дека таму се уште имаме американски војници, но и оти тој регион е една од точките каде што исламскиот свет се спојува со остатокот на Планетата. Тоа исто така не потсети и дека првиот поголем конфликт меѓу Исламскиот свет и неговото окружување се случи на Балканот и оти во таа војна Соединетите Држави интервенираа на страната на муслиманите, пишува во анализата на Стратфор. На тој кофликт Америка и Западот гледаа низ призмата на светот по Студената војна. Американските аналитичари велеа дека на Балканот не постои систематски проблем туку проблем што произлегува од српскиот режим кој не ги следи меѓународните норми на однесување. Постојат многу конспиративни теории за тоа зошто Соединетите Држави го направија тоа што го направија на Балканот, но вистината е поедноставна и на извесен начин позачудувачка. Вашингтон не го гледаше балканското прашање како нешто што непосредно се однесува на кој и да е американски геополитички интерес. Сега проблемот е трикратен. Најпрво, исламистичките елементи присутни во Албанија и Босна се во позиција да го користат регион како транзитна точка и да ги напажаат американските трупи. Второ, мировните сили распоредени таму не се активно вклучени во борбата против Ал Каида и најнакрај, регионот е е отворен за напади од таа терористичка мрежа на место и во време по нејзин избор. Балканската сцена не е мирна, Инцидентите се постојани, но за нив не се известува пошироко. Но, како што наведува Стратфор, има многу показатели дека исламистичките сили се присутни на Балканот и оти се способни да изведуваат операции. Американските тајни сили, во потрага по Ал Каида, оперираат во регионот. Сепак Балканот би можело во секое време да експлодира во лицето на Вашингтон. Тоа не би го сакале ни босанската, ни албанската влада, но Ал Каида нема за тоа да се консултира со нив. Парадоксот е следен. Доколку исламистичките сили во Босна, на Косово или во другите делови на регионот агрисевно се покренат, Соединтетите Држави не ќе имаат доволно сила да им се спротивстават, а под прашалник е готовноста на на европските влади да дејствуваат на Балканот. Нивната дефиниција на решавачко дејствување би можела да се разликува од американската. Единствена сила која има интерес во контролата на исламистичките акции во регионот е Србија. Поинакво време, поинаков режим но исти национални интереси. Она што може да се случи е дека на крајот Соединетите Држави, во тековната војна, ќе мораат да се потпрат врз србите, заклучува во најновата анализа американкиот Стратфор.
XS
SM
MD
LG