Достапни линкови

Критика за бушовата администрација за превентивните акции


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан во денешното обраќање на есенската сесија на Генералното собрание повика на консензус во Светската Организација критукувајки ја Бушовата администрација за превентивните акции. Од друга страна американскиот претседател Џорџ Буш ги предизвика Обединетите Нации за поголема нивна улога во обновата на Ирак.

Пеесет и осмото заседание на Генералното Собрание на Обединетите Нации или таканаречената есенска сесија ја отвори генералниот секретар Кофи Анан и како што се очекуваше тој во своето обраќање, наведе дека Светската Организација е на крстосница, најсериозна од ннејзиното формирање во 1945 година. Според Анан доколку се прифати дека државите имаат право да употребат оружје во превентивни акции тоа ќе предизвика пораст на еднострана употреба на сила во светот. Тој ги критикуваше владите што го прават при тоа не споменувајки ги Соединетите Држави.

„Советот треба да разгледа како ќе се справи со можноста државите индивидуално да користат превентивни акции перципирајки закани. Членките треба да започнат дискусии за критериумите за рана авторизација и мерки кон одредени типови закани.“

Веднаш по Кофи Анан на Генералното собрание му се обрати американскиот претседател Џорџ Буш кој побара меѓународна поддршка за реконструкцијата на Ирак, наведувајки дека е време да се надминат разликите околу инвазијата. Буш од друга страна ги отфрли апелите на некои од сојузници за забрзување на трансферот на власта во Багдад. Тој процес мора да оди согласно потребите на ирачаните, ниту да се брза ниту да се одлага според желбите на некои други, рече Буш.
XS
SM
MD
LG