Достапни линкови

Променети осум министри, приоритетите исти


Македонската надворешна политика и нејзините приоритети се непроменети од 91-та година. Сеедно што до сега се промениле дури осум министри. За сите, влезот во евро интеграциите бил на врвот на зацртаната политика. Во таа поента се фокусира актуелната шефица на дипломатијата Илинка Митрева:

„Мирот и безбедноста, владеењето на правото, економските реформи, борбата против организираниот криминал и корупција, спроведувањето на рамковниот договор и се разбира стратешките интеграции во Европската Унија и во НАТО“

За Митрева поизвесно е членството во НАТО, се оценува можноста за аплицирање на членство во ЕУ. Се зависи од состојбите во земјава. А, што сторила до сега Митрева:

„Ја исправивме сликата за Македонија во светот и целосно ги рехабилитиравме односите со меѓународните фактори“

Таа планира да постави економски аташеа во амбасадите. Проблематична е сепак реформата во дипломатскиот состав:

„Реформирањето на дипломатскиот состав, особено во делот на амбасадорскиот состав што треба да се врати пред истек на мандатот, оди поспоро со оглед на фактот што отповикувањето на амбасадорите е во исклучива надлежност на претседателот на државата“

Токму релацијата влада – претседател е апострофирана како проблем и кај екс министерот за надворешни Љубомир Фрчковски

„Неопходна е посериозна соработка меѓу шефот на државата и Министерството за надворешни работи. Тие мора да се разбираат со очи, а не да се расправаат“

Клучот во водењето на надворешната политика то го гледа во балансот:

„Засилување на врските со земјите што ги сметаме за наши пријатели. Тоа на Македонија ќе и даде силно етаблирање во регионот“

Александар Димитров, првиот министер во претходната влада, на врвот го става значењето на принципите на ОН, како предуслов за сите останати чекори:

„Активирање и ангажирање на целиот потенцијал во Република Македонија за доближувањето до Европската Унија“

Тој акцентот го става и на други фактори, доколку сакаме да излеземе, вели тој, од оваа еродирана состојба:

„Парламентот и владата некогаш се оставаат сосема на страна“

Првиот шеф на дипломатијата Денко Малески говори за мобилизација на целото општество:

„Прилагодување на нашите политички институции и нашата економија на потребите на влегување во Европската Унија“

Малески говори за тоа кои се проблемите што не кочеле сите овие години, затоа што тој не сака вината да ја дели на периоди:

„Бевме запрени и заради нашите внатрешни проблеми“

Сите овие министри, актуелен и поранешните, во секој случај инсистираат за взаемна поврзаност на сите фактори во државата. Тоа всушност за нив а примарно во водењето на надворешната политика.
XS
SM
MD
LG