Под впечаток на средношколските демонстрации, бојкоти на наставата и собранистката расправа за безбедносната состојба парламентарните партии со различни оценки на прашањето има ли земјава капацитет да излезе од проблемите што произлегуваат од меѓуетничките релации. Опозицијата обвинува , во зависност од националниот предзнак или за попуштање кон Албанците или за неисполнување на договореното во Охрид
„Оваа влада особено во изминативе неколку месеци се обиде да наметне едно чувство на инфериорност пред се меѓу граѓаните на Република Македонија од македонско етничко потекло по неколку прашања – почнувајќи од социјалните теми и прашањето дали некој ќе биде отпуштен од работа или не, преку прославата на Илинден, па до образованието. Мислам таа нема капацитет да ги надмине овие проблеми затоа што во суштина таа самата ги предизвикува“
смета Ѓорѓи Трендафилов од ВМРО-ДПМНЕ. Некогашниот коалиционен партнер ДПА пак со став
„Сета оваа состојба во која што моментално се наоѓаме е резултат на тоа што не се почитува рамковниот договор“
вели Илијаз Халими од Демократската Партија на Албанците. Доследно почитување на рамковниот е приоритет и за владеачката ДУИ со таа разлика што тие сметаат дека не е точно оти ништо не е направено
„Убеден сум дека ќе ги решиме и ќе ги надминеме сите проблеми, бидејќи тоа е наша обврска. Ние имаме мандат од граѓаните на Република Македонија и чувствуваме обврска да го направиме тоа“
вели Хисни Шакири. Оптимизмот на коалициониот партнер присутен и во социјалдемократскиот сојуз , но потребно е време соопштува Игор Ивановски
„Меѓуетничкиот соживот, намалувањето на тензиите и враќањето на довербата не е процес којшто ќе трае кратко време и којшто е лесен. Напротив, тој бара м,ногу жртви, залагање и многу верба буквално од сите без разлика на кој етникум припаѓаат. На тој процес од првиот ден на владата и се работи. На тој процес ќе се работи и резултатите – заради опстанокот и развојот на оваа држава – мораме да ги очекуваме и веруваме во нив“