Достапни линкови

Седница за безбедносната состојба


За пратениците од владеачката коалиција СДСМ и ДУИ собраниската расправа за безбедносната состојба не може да влијае за нејзино подобрување, таа може само да ги подгрее стратстите кај јавноста.

„Оваа точка е резултат на барањето на ВМРО-ДПМНЕ коешто не нуди никакви решенија, предлог-заклучоци или нешто што барем ќе има одредена политичка или извршна димензија“

„Опозицијата сака перманентно да биде во центарот на вниманието и оваа седница не е во прилог на смирување на тензиите во земјата. Напротив, мислам дека има тенденции од опозицијата тензиите и понатаму да продолжат“


изјавија Игор Ивановски од СДСМ и Рафиз Халити пратеник од редовите на ДУИ.

Констатациите дека отворените дебати можат да предизвикаат безбедносна криза не држат, е ставот на пратеникот Замир Дика од ДПА.

„Владата, значи, има проблеми со нејзиниот капацитет за имплементирање на рамковната спогодба и на сите реформи кои се очекуваат од нив. Додека тоа не се направи, секој ден ќе тонеме во небезбедност и безперспективност“

И Ѓорѓи Трендафилов од опозиционата ВМРО ДПМНЕ со став, ваквите седници треба да бидат транспарентни за јавноста:

„Илузорно е седницата да биде затворена. Ако за момент се потсетиме кој се седи во владата во овој момент, нема причини седницата да е затворена. Таа треба да е транспарента. Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана во поглед на безбедносните прашања се обрзани според Уставот и законите што треба да направат. Тоа не зависи од политичката волја на коалиционите партнери“

Инаку пред почетокот на седницата Министерот на внатрешни работи Хари Костов предложи по информацијата за безбедносната состојба да се расправа на затворена седница, меѓутоа, поради тоа што немаше дво-третинско мнозинство на пратениците, претседателот на Парламентот Никола Поповски заклучи дека по оваа точка ќе се расправа пред јавноста.
XS
SM
MD
LG