Достапни линкови

Нема докази за поврзаноста на Хусеин со терористичките напади на 11 септември


Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека нема докази за поврзаност на соборениот ирачки претседател Садам Хусеин со терористичките напади извршени на единаесети септември две илјади првата во Њујорк и Вашингтон. До оваа негова изјава дојде веднаш по објавувањето на резултатите од најновите испитувања на јавното мислење според кои седумдесет насто од американците веруваат дека Хусеин бил лично замешан во тие напади.

Тоа што не постојат докази за инволвираноста на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин во нападите во Њујорк и Вашингтон во кои загинаа околу три илјади лица, според американскиот претседател Џорџ Буш, не значи и дека Хусеин не бил поврзан со терористичката организација Ал Каида за која се смета дека е одговорна за тие напади.

„Немаме докази дека Садам Хусеин бил вмешан во атентатите на единаесети септември. Сега, она што го вели потпретседателот е дека Хусеин бил инволвиран со Ал Каида и со Абу Мусаб ал Заркави кој нареди убиство на американски дипломат. За ваквите врски не постои сомневање“.

Станува збор за лидерот на исламистичката група Ансар ал Ислам дејствува во северен Ирак. Колку за појаснување, неодамна американскиот потпретседател Дик Чејни оцени дека постигнувањето успех во стабилизацијата и демократизацијата на Ирак ќе претставуваат клучен удар врз, како што рече географската база на терористите. Чејни, коментирајќи ги резултатите на истражувањето на домашното јавно мислење изјави дека не е изненаден што луѓето го поврзуваат Ирак со атентатите од единаесетти септември. Сепак тој рече дека не знае дали таквата поврзаност и навистина постоела. Со слична оценка деновиве излезе и американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд кој наведе дека досега не видел никакви идикации што би го убедиле оти Садам Хусеин имал некакви врски со терористичките напади во Њујорк и Вашинтон.
XS
SM
MD
LG