Достапни линкови

Генерал Бакстер, шеф на советодавниот тим за реформи во македонската одбрана. Добар прогрес на реформите во последните 12 месеци


Генерале Бакстер шеф сте на советоддавниот тим кој работи на реформите на македонската одбрана во согласност со НАТО стандардите. Како го оценувате досега направеното и што според вас се клучните приоритети?

Би рекол дека во последниве 12 месеци има добар и постојан прогрес што го потврдуваат и заклучоците за последниот акционен план за членство. Мислам дека најголемиот суштински проблем во однос на реформите е фактот што македонската армија е суште заснована како сила дизајнирана да одговори на конвенционална закана, што значи доминира механизацијата, статичка територијална одбрана и доктрина за употреба на голема воена моќ. Меѓутоа заканите за Македонија се главно нековенционални, она што ние го нарекуваме асиметрична опасност. Станува збор за спектар од закани од вооружени криминалци на едниот крај на спектарот до терористи на другиот крај. Доколку Македонија сака да се оспособи на овој вид закани и опасности и во земјава и во регионов, но и ако сака да се оспособи за учество во идни операции на НАТО мора да поработи на својата способност што значи да ја напушти конвенционалната и повеќе да вложи во разузнувачката способност, во мобилност особено стратешката која подразбира способност за брзо разместување единици и дејствување.

Тие безбедносни закани се во Македонија сеуште присутни. Како вие гледате на нив?

Јас сум тука да советувам околу реформите во одбраната. Но точно е дека постои загриженост околу безбедноста. Мислам дека заканате треба да се доживуваат како закани од криминални банди и да не се гледаат како дел од поширок безбедносен проблем што ќе биде долгорочно присутен. Вистина е дека одвреме навреме се случуваат работи кои загрижуваат, но генерално според мене ситуацијата не е критична.

Македонскиот државен врв не ги крие очекувањата за членство во НАТО до двеилјади и шестата, ако не и порано. Според вас колку се реални овие очекувања?

Тоа е политичка работа. Сосема е јасно дека владата си ја постави оваа цел и добро е кон неа да се тежнее. Но за да се исполнат клучните критериуми всушност критериумите воиопшто, а јас би говорел за оние кои се однесуваат на одбраната, има уште многу работи да се направат. Стратешката ревизија на одбраната треба да биде направена мошне темелно, НАТО и сојузниците мораат да бидат сигурни дека Македонија ќе создаде армија која е соодветна и одговара на потребите на земјата и мора да постои долгорочен план за нејизно создавање. Мојата клучна загриженост е поради кусиот рок што владата си го дава. Имено реформите во одбраната се скапа работа и за нивно спроведување е потребно време. Добро е да се дефинира целта но за таа да се постигне ќе треба да се донесат доста тешки одлуки за тоа каде ќе бидат изворите за одбраната. За политичкиот дел не е на мене да давам оценки но очигледно е дека има напредок на сите полиња, ќе треба да почекаме и да видиме.
XS
SM
MD
LG