Продолжуваат масовните улични протести на битолските средношколци, испровоцирани од отворањето на новата албанска гимназиска паралелка. Средношколците бараат итно нејзино дислоцирање надвор од градот, зашто во спротивно најавуваат дека ќе продолжат да ја бојкотираат наставата.
„Додека не стигне писмена одлука дека албанската паралелка нема да биде тука, ние ќе правиме протести и нема да ја даваме Битола.“
Проблемот настана кога министерот за образование Азис Положани донесе решение за отворање гимназиска паралелка на албански јазик во битолското основно училиште „Гоце Делчев“. Меѓутоа, родителите и наставниците се изјаснија против заедничко присуство во една училишна зграда на деца од различни возрасти. Поради тоа паралелката беше дислоцирана во зградата каде што се наоѓаат партиските простории на ДПА и ДУИ. Анализирано од педагошки аспект, неприфатливо е функционирањето на било каква педагошка структура без стручен тим, педагог и психолог. Сепак, учениците Албанци продолжуваат со наставата. За разлика од нив, основците Албанци од училиштето „Гоце Делчев“ не се појавија на настава. Нивните родители се жалат дека петмина од нив деновиве биле истепани. Од училиштето пак, ова го демантираат наведувајќи го присуството на полициско обезбедување кое не би дозволило таков инцидент. Наместо изнаоѓање решение за проблемот што добива се поголеми димензии, политичките партии со меѓусебни обвинувања. СДСМ не ги поддржува протестите, и смета дека со средношколците манипулира ВМРО-ДПМНЕ. Кире Мавровски пак, од ВМРО-ДПМНЕ го демантира ова и смета дека проблемот е исмислен од актуелната власт за да се одврати вниманието на народот од лошата безбедносна и економска состојба. Локалниот огранок на оваа партија смета дека со отворената паралелка се оживеаа духовите на омраза од пироманските случувања во Битола во 2001-та година.