Достапни линкови

Што доби Македонија, а што граѓаните од промената на власта


Што доби Македонија, што добија граѓаните по промената на власта. По 15-ти септември 2002-та силниот набој на надеж, еуфоријата од големите изборни ветувања и промени, кои се очекуваа промтно се супституираа во морето од реални проблеми. Кој е резултатот? Според професор Панде Лазаревски власта во период успеа да ги воочи проблемите, нуди решенија да се справи со нив, ефектите допрва би тербало да ги има. Но во моментов:

„Најголемите потфрлувања се токму во градењето на капацитетот за водењето на државата на еден сериозен начин. Втора работа е решавањето на проблемот на безбедноста на земјата. Таа е поделена како никогаш и тој процес и понатаму продолжува. Идејата за национална, граѓанска интеграција постои можеби само на хартија, а етничкиот конфликт, кој е лантентен, има тренд на натамошно заострување. На сите овие клучни прашања нема одговори“

Економски граганите на Македонија ги чувствуваат социјалните потреси од реформите во од, рационализацијата во администрацијата, отпуштањата, во ситуација кога земјата има речиси над 30 процентна невработеност. Дали власта ќе успее да ги одработи ветувањата за подобар живот.

Според академик Таки Фити Владата ефектно работи околу осум месеци од своето конститурање, што за брзи економски ефекти е мошне кус рок, иако Владата сепак успеа да направи неколку добри чекори, ги дијагноситцира еконосмките приоритети го склучи аранжамнот со ММФ, ја изготви програмата за претприемниптво

„Се договорија аранжманите со ММФ и со Светската банка, а тоа е, како што е познато, услов побрзо да стигнат парите од донаторската конференција и да може Македонија да почне да ги разрешува тешките економски проблеми. Исто така, веќе е изготвена програма за повлекување на странските инвестиции. Се разбира, да имате добра програма е една работа, а фактички да ви дојдат директни странски инвестиции во земјата е друга работа, но беше очигледно дека владата се исцрпува со политички проблеми и со други работи“

Освебн тоа со буџетски дефицит од 64 насто, како последица на косовската криза, но и воениот конфликт 2001 е нерално да се зборува вели Фити дека за помалку од една година владата ќе успее да се справи со негативниот социјален набој

„Мислам дека е нереално да се каже, на пример, дека за една година ќе направиме 20.000 вработувања. Еве, има и закон за поттикнување на вработувањето, но засега ефектите се мали и ќе видиме дали до крајот на годината ќе стигне до 10.000. Вака како што се состојбите, се разбира дека се заоструваат проблемите во социјалната сфера“
XS
SM
MD
LG