Логично е кога министер ќе оди на одмор, надлежностите да ги преземе заменик министерот, вели Агрон Буџаку, потпретседател на ДУИ, коментирајќи ја наредбата на Хари Костов, упатена до заменик министерот за внатрешни работи Фазли Лика, заменик директорот на УБК Фатмир Дехари и заменикот од бирото за јавна безбедност Бесир Дехари сите од редовите на оваа партија да подготват оперативен план за доброволно предавање или приведување на Чакала и Брези.
„Во отсуство на министерот, заменикот ги презема работите. Фаќањето на Бреза и Чакала е една од работите што министерството треба да ги направи, а од друга страна, ако тој е инволвиран како што тој рече во оваа акција, тогаш тој има право да дава наредби, но одговорноста не може да падне само на замениците од ДУИ.“
Од друга страна, вели Буџаку, наредбата на Костов е тенденциозна.
„Според таа логика, ДУИ во склоп на министерството треба само со свои луѓе да ја врши таа работа.“
Во меѓувреме, заменик министерот за внатрешни работи Хазби Лика, и заменик директорот на УБК Фатмир Дехари имаат средби со претставниците на меѓународната заедница во Македонија. Доколку истите одбијат да ја извршат наредбата дадена од министерот Костов, тогаш против нив ќе биде покрената постапка за некомпетентност. Инаку, во барањето на МВР стои дека во дадениот рок за спроведување и реализација на акциониот план, лицата Чакала и Бреза против кого МВР има поднесено низа кривични пријави, треба да бидат изнесени пред надлежните судски институции со целосна гаранција за законска, коректна и фер судска постапка, со право на бранители и набљудувачи од Хелсиншкиот комитет и Амнести Интернешнл.