Достапни линкови

Буш побара поголеми областувања за безбедносните сили во борбата против тероризмот


Денешниот ден освен Соединетите Држави го одбележуваат и други земји, бидејќи во терористичките напади врз зградите на Светскиот трговски центар во Њујорк загинаа и луѓе од други националности. ,,Американсците никогаш нема да ги заборават слугите на злото кои ги организираа нападите,, изјави американскиот претседател Џорџ Буш кој побара безбедносните сили да добија поголеми овластувања во борбата против тероризмот. Во говорот пред маринците и вработените во Еф-Би-Ај во Квантико кај Вашингтон, претседателот Буш рече дека терористичката мрежа Ал Каида и натаму кова заговор против американскиот народ, но оти оваа мрежа и другите сили на глобалниот тероризам ќе бидат пронајдени, уапсени и поразени.

„Најдобар начин да се заштити американскиот народ е да остане во офанзива дома и да остане во офанзива во странство.“

Порача претседателот Буш повикувајќи го Конгресот да донесе построг закон со кој, меѓу другото, на осомичените за тероризам ќе им се оневозможи плаќање на кауција. Ваквата пречка, според него, е бесмислена бидејќи таа не постои, како што наведе, ни за криумчарите на дрога и за оние што проневеруваат пари. Говорот на Буш дојде во моментот кога Арапската телевизиска станица Ал Џезира емитуваше нова видео снимка во која се прикажани водачот на Ал Каида и неговата десна рака Ајман ал Завахири кој се закани со нови напади врз Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG