Достапни линкови

Сеуште нема консензус за причините што го предизвикуваат тероризмот


Две години по нападите врз Соединетите Држави се уште не е постигнат консензус за причините кои го предизвикуваат тероризмот. Тоа доаѓа како лоша вест за американската и другите влади кои себе си се гледаат како закатанчени во две битки – борба против индивидуалните терористички групи и елиминацијата на тероризмот во неговите корени.

Аналитичарите велат дека и две години по 11 септември се уште не е постигнат консензус за причините на тероризмот. Имено по нападите врз Вашингтон и Њу Јорк, Соединетите Држави започнаа војна не само против терористичките групи туку и против корените на тероризмот. И додека на полето на борбата против терористичките групи има успех, недостигот од јасната причина за тоа што го предизвикува тероризмот и наштетува на борбата против тероризмот пред и таа да почне. Тоа е јасно бидејки долгорочно нема успех во анти-терористичката кампања доколку на секој фатен или убиен терорист се појават двајца други. Јитка Малецкова специјалист за Блискиот Исток и експерт за тероризам од Карловиот Универзитет во Прага вели дека нападите на 11 септември предизвикале огромен интерес кај студентите кои се обиделе да дадат одговор за факторите кои го тераат поединецот да преземе насилни мерки како инструмент за политика. Меѓутоа и тие како и многу академици немаат исто мислење, иако најраширено е она дека сиромаштијата, разликите меѓу богатите и сиромашните и безнадежноста се основната причина за тероризмот. Сепак Малецкова вели дека нема истражувања што би го потврдиле тоа а дека од друга страна се покажува дека висината на приходите не може да се поврзе со терористичките групи на Блискиот Исток.

„Постоји заедничко верување дека тероризмот е поврзан со сиромаштијата. Тоа ке го најдете и кај политичарите, новинарите, студентите но има малку истражувања што ке го подржат ова мислење.“

Според Малецкова тероризмот сепак има повеќе политички корени. Американската администрација јасно кажа дека не прифаќа оти сиромаштијата е причина за тероризмот. Претседателот Буш во минатогодишното интервју за Радио Слободна Европа изјави.

„Сиромаштијата не е причина за постоењето на убијците и тука треба да се направи јасна разлика. Некои од глобалните терористите се финансиски богати но сиромашни по духот.“

19 – те киднапери на авиони со кои беа извршени нападите врз Светскиот Трговски Центар и Пентагон не беа сиромашни туку припадници на средната класа. Сепак се смета дека сиромаштијата е дел од големата матрица на социјални и културни фактори. Според Дина Кнури професор по историја и експерт за Блискиот Исток на Универзитетот Џорџ Вашингтон, зголемената сиромаштија доведе до паѓање на угледот на владите во исламскиот свет што пак предизвика вретење кон исламските групи затворени за демократските вредности и непријателскиот став кон Соединетите Држави и Западот воопшто. Аналитичарите велат дека дилемата за политичарите за креирање ефективна политика против тероризмот останува, а оти во меѓувреме продолжува битката за срцата и умовите на младите.
XS
SM
MD
LG