За разлика од сугестиите на европскиот парламент и особено влијателната комисија за односи со југо-источна Европа, од Брисел за сега без јасни сигнали дека од македонската влада се очекува да побара продолжување на присустовото на европските војници по 15-ти септември. Без оглед на многуте шпекулации, рече портпаролката на ЕУ во Македонија Ирена Ѓузелова, ставот на Брисел не е променет. За тоа решава македонската влада, и евентуално доколку тоа побара земјите членки на ЕУ.
„Луѓето кои решаваат за ова не се припадници на Европскиот парламент“
рече Ѓузелова.
Во меѓувреме „Конкордија“ проценува:
„Во моментот ситуацијата се проценува како мирна“
изјави портпаролот Фили Сулие.
Тој како и другите претставници на меѓународните мисии во Македонија НАТО, ОБСЕ и ЕУ со оценка: акцијата на безбедносните сили во село Брест беше изведена професионално и нејзина цел беа вооружените групи инсталирани на теренот:
„Овие мали вооружени групи не се борци за слобода. Тие се криминалци“
изјави претставничката на ОБСЕ Изабел Дерут, со апел до локалното население да соработува со безбедносните сили за елиминација на овие групи. Според извештаите од теренот на тимовите на „Конкордија“ тие немаат поддршка од локалното население:
„Населението е уморно и доста му е од овие акции коишто носат високо ниво на небезбедност и го присилуваат населението да се евакуира од своите куќи и села“
рече Сулие.
Меѓународните претставници со поддршка за формирањето на работната група за утврдување на фактите за акцијата во Брест и координација на следните активности. НАТО оценува дека недостатокот на координација утврден по акцијата, врз основа на забелешките на ДУИ не се основа за владина криза:
„Во сите земји се случува ова и треба да се оди понатаму, да продолжи соработката и размената на информации и координацијата“
изјави Крег Ретклиф, портпарол на НАТО.