Достапни линкови

Годинава и следната клучни за членство на Турција во ЕУ


Членството на Турција во Европската Унија е цел на генерации лидери во Анкара, како и на владата на Реџеп Ердоган која започна серија посети на членките на Унијата за да ги објасни реформите пред вообичаениот извештај што Брисел треба да го издаде во октомври годинава. Оваа и следната година се оценуваат како клучни во напорите на Турција да стане дел од Европската Унија.

Премиерот Реџеп Ердоган и министерот за надворешни работи Абдула Ѓул презедоа дипломатска офанзива со посетите на Берлин, Виена и Рим за подршка на турското членство во Европската Унија. Од гермаските власти е добиено охрабрувањето додека опозиционата Христијанско Демократска Унија и натаму е против членството на Турција поради културните разлики, нејзината големина и недоволната развиеност. Како и да е Турција на самитот на Унијата во декември минатата година доби ветување за преглед на нејзиниот прогрес со отворена врата за почеток на преговорите за полноправно членство. Турскиот аналитичар Решат Арим вели дека следниов период е од клучна важност за Турција.

„Ситуацијава е следна. Владата рече дека оваа година ке прифатиме се што е неопходно на законски план и тоа е сторено. Таа рече дека следната година легислативата и ке се примени во практиката. Затоа турските лидери сега патуваат за да објаснат што е сторено.“

Шефот на Турската дипломатија Абдула Ѓул изјави дека очекува Турција да стане членка на Европската Унија на почетокот на следната декада, додека според неговата австриска колешка тоа ке зависи од примената на реформите. Аналитичарот Џејмс Валтсон од американскиот универзитет во Рим смета дека италијанскиот премиер Силвио Берлускони е поголем ентузијаст кога станува збор за членството на турција во Унијата.

„Тој го турка американскиот план, според кој членството на Турција во Унијата значи консолидација на западната контрола и западното влијание врз Анкара. Берлускони го сака тоа.“

Турција е голема, населена и стратегиски важна земја и нејзината интеграција би ја направила побезбедно место, вели Валтсон кој сепак додава и дека тоа би била авантура од висок ризик за Европа. Имено кога Грција се отргна од диктаторскиот режим во 1970 година беше примена во Унијата од истата причина. Но Грција е мала земја и евентуалниот неуспех не ке беше страшен за Унијата. 7О милионската Турција е нешто друго. Доколку тргнат работите наопаку може да има сериозни невољи за Европската Унија.
XS
SM
MD
LG