Владата останува на определбата криминалците и водачите на вооружените групи да бидат изведени пред лицето на правдата изјави денеска премиерот Бранко Црвенковски
„Крајната цел останува иста и таа е дел од она што претходно беше дефинирано, а тоа е да се направи се во рамките на уставот, во рамките на законот, сите оние кои се наоѓаат на чело или се јавуваат како членови на вооружените екстремистички групи, да бидат изведени пред лицето на правдата и да одговараат за сето она што го имаат направено во изминатиот период“
Ни сме во постојани контакти со нашиот коалиционен партнер ДУИ, вели премирот Црвековски. А, Хисни Шаќири пратеник на оваа партија потврдува дека синоќа лидерот на неговата партија Али Ахмети се заканал дека ќе ја напушти владината коалиција поради некоординирањето на коалиционите партнери за вчерашната акција во Брест.
„Да, точно е тоа. Причина е што не сме задоволни од функционирањето на сегашната коалиција, бидејќи за секоја акција на теренот, кога станува збор за вакви настани, нормално е претходно да се консултира и не треба вака да се нарушува мирот и спокојството на граѓаните“
Дека постопи нервоза кај челните луѓе во ДУИ потврдува и премиерот Бранко Црвенковски.
„се забележува една нервозна кај Демократската унија за интеграција, меѓутоа, во глобалните, долгорочни цели не можат да се констатираат никакви разлики. Мислам дека е многу битно во овој период, во овие денови, да се сочуваат ладни главите, да се размислува и постапува рационално. Мислам дека тоа и е потребно на целата држава и на сите наши граѓани“
Армијата делува крајно професионално е ставот на министерот за одбрана Владо Бучковски
„Мирно е на теренот во овој момент. Има различни шпекулации и дезинформации и тие треба да престанат, бидејќи, она што се случи вчера беше испровоцирано од вооружените групи. Беше евидентно дека ќе станат нервозни, бидејќи се стеснува просторот за нивното дејствување“
Претставниците на меѓународната заедница во земјава во целот ги подржуваат акциите на македонските безбедносни органи.
„Тоа што постојано го кажуваме е дека ги поддржуваме напорите на македонската влада да воспостави целосно владеење на правото на нејзината територијата,“
изјави портпаролот на ЕУ во Македонија Ирена Ѓузелова.