Достапни линкови

Никола Кљусев, премиер на првата експертска влада на самостојна Македонија. И покрај сите предизвици македонската држава ќе опстои


Господине Кљусев на 8-ми септември 2001-та година се одржа референцумот за независност на Република Македонија. Референдумското прашање гласеше, дали сте за независност на Македонија со право да стапи во сојуз со независни држави од поранешна Југославија. Како од оваа перспектива денес го објаснувате вториот дел од прашањето?

Околу прашањето за реферндумот, постоеја и други сценарија, коишто бараа Македонија да стпаи во сојуз со суверени држави во Југославија. Имаше и сценарио, односно некои ливчиња што кружеа, дали сте вие за самостојна, за да влезе во сојуз со други републики. Е тоа, ние го отфривме. По моја оценка тогаш, чувствував јас, а и мнозинството на владата, дека некои уште беа носталгичати за Југославија, и сакаа таа папочна врска да ги врза. Но, таа наша информираност ја подигнуваше таа карма за самостојност. И ние бевме одушевени, импресионирани. Јас се гордеев, зашто имавме нова љубов кон нашата татковина, ги продолживме традициите на Илинденското востание. Илинден силно прозвучи и во Прохор Пчиљски, преку устата на Ченто и тоа ние практично го продолживме преку 8-ми септември.

Бевте премиер на влада која се нарекуваше експертска. Колку навистина таа влада беше експертска или непартиска?

Беше непартиска од аспект што неприфаќав, јас како премиер, а и членовите на владата диригентска палка на некои партии. Таква работа не постоеше. Зошто нагласувам дека беше непартиска влада. Затоа што, мигот кога се формираше државата бараше порелаксирана состојба, да не се даде шанса на екстремизам, да дојде до некои радикални односи. Ние тежнеевме да ги поставиме темелите на државата и јасно се спротиставуваме на разните крпења на југословенските закони на македонско тло. Затоа, владта инсистираше што побрзо да дојдеме до нов устав. Кога дојдовме до новиот устав се создаде ситуација за донесување институционални акти кои о своја страна градат структура на самостојна држава, тука пред се мислам на монетарното осамостојување, на формирање на АРМ, безбедноста на земјата, и почна тој механизам на донесување закони и морам да ви кажам, политикантските игри на партиите, што ја изгуби довербата владата на тие политикантски игри, се направи еден голем пропуст, да не речам грев за Македонија што не остана експертската влада, да го заврши правното обликување на самостојноста. Требаше да се завршат некои процеси, околу правниото обликување во економскиот домен, во правниот, во социјалната сфера и во етичките односи. Тие домени, многу од нив останаа празни, се деградираа, или се вулгализираа, да речеме почетокот на нашата истражувачка програма околу приватизацијата и видовме што се случи. Не се направи, а некои тоа го направија, да седнат сите партии и сите етноси во државата да се сложат за најесенцијалните државни цели на македонската држава. Тоа значи, ако се изградеше еден модел за овие домени, што е она што е најбитно да се зборува и да се прави циркузијада во парламентот, тогаш немаше да дојде до сите овие проблеми, се до Охридскиот договор.

Да се вратиме на донесувањето на првиот устав на Република Македонија. Сега по охридскиот договор и сите премрежија што му претходеа, се вели дека тој устав бил со вградена маана, имавте ли такво чувство тогаш? Тоа што албанските пратеници не го гласаа уставот во парламентот можеше ли да се претпостави дека ќе се случи 2001-та?

Тенденции се појавуваа и тогаш, со еден пратеник Положани кој бараше Илирида. Но, нивните тројца претставници во владата, тие не ставаа такви бариери во донесувањето на уставот. Туку владата едногласно ја прифати концепцијата и го даде на уставотворната комисија во собранието. Сега, ако ги оценуваме проблемите во тој период. Остануваа во епизодна природа. Дали евиденцијата во школите ќе се води на албански или не, дали дневникот ќе биде на албански, тоа не беа од таква природа да може да го радикализираат системот на земјата. Значи, барањата на ПДП не беа од таква природа, какви што сега се наметнуваат. Но, сомнежот влезе, кај сите нас, и настојувавме тоа да го укажеме, дека тоа нене води во една хармонија и некои видувања кои повеќе беа индивидуални, а не како тела донесувани, прозвучуваа во нашите влади дека тоа нема да не води арно. Може да се каже дека тој сомнеж постоеше, но не во тие димензии за кои вие сега ме прашувате. Не можеше да се прогнозира, тогаш, 91 година, дека некој ќе фати оружје и ќе се бори против народот кој ја создаде оваа држава.

И за крај, 8-ми септември го има статусот на трет Илинден во Македонија. Живее ли во Македонија духот на Илинден и очекувате ли дека ќе продолжи да живее?

Па, добро овие случувања, сите овие немилисцени, од една страна, а од другата тешкото разрешување на социјалниот и економскиот сектор, на високата невработеност, на ниската егзистенција на населението, и политичката нетрпеливост и омразата меѓу партиите што сеуште постои кај нас, малку го потиснува вознесот кој беше 2001-та година и создава некој нов сомнеж за опстојувањето на македонската држава. Јас сум оптимист и верувам дека Република Македонија ќе опстане како самостојна држава на овие простори. И покасувам тие желби што нас не мотивираа 91-та година со референдумот за самостоност, да родат нова љубов кај младите генерации да се борат за македонската држава и да ја видиме во иднина побогата и посреќна.
XS
SM
MD
LG