Достапни линкови

Пречка за укинување на визниот режим со ЕУ


Македонија мора да ги зголеми безбедносните елементи на патните исправи кои поради лошиот квалитет се лесни за фалсификување. Според препораките на ЕУ, доколку земјава сака укинување на визниот режим за полесен пристап до светот, пасошите мора да се печатат со посебна безбедносна техника, која подразбира на задната страна да имаат бар код со лични податоци за лицето, потоа специјален воден жиг, и секако според стандардите на ЕУ, Македонија мора да постави софистицирана електронска опрема на граничните премини.

Но, кога станува збор за овој што на земјава и е поставен од ЕУ за укинување на визниот режим, македонските граѓани изгледа уште долго време ќе бидат затворени, кога станува збор за излез во светот. Бидејќи, надлежните институции сеуште немаат започнато со проектот за изготвување на нови идентификациски документи за македонските граѓани. Причина за ова, велат во МВР, се штетните договори што за овој проект ги има склучени поранешниот министер
Љубе Бошковски, што најпрвин треба да се разрешат.

„Требаше во септември да започнеме со изработка на нови патни исправи, меѓутоа, обременети сме со проблемот и статусот на фирмата Хјулит пакард во рамките на договорот што од претходното раководство бил направен со оваа фирма за изработка на патни исправи. Во меѓувреме се појавија други технички проблеми, но и нив ги решаваме во чекор“

вели портпаролот во МВР Мирјана Контевска.

Се надевам дека во крајот на годинава, ќе имаме попрецизни податоци за тоа кога Македонија ќе биде симната од листата на земји со кои ЕУ има рестриктивен визен режим.

„Тоа зависи од повеќе елементи. Еден од нив е конечното изготвување на новата патна исправа која ќе ги исполнува европските критериуми. И сегашната патна исправа не дека не е добра, бидејќи пред десетина години е изработена по тогашните критериуми на ЕУ, но во оваа материја секојдневно се појавуваат новини, така што сега има дури и размислувања на шенгенската виза да биде втиснат отисок од прстите. Тоа значи дека се повеќе и повеќе таа постапка се усложнува“

потенцира државниот советник во МНР Љупчо Арсовски.
XS
SM
MD
LG