Достапни линкови

Селективното применување на фискални каси создава нелојална конкуренција


Само 30% од отсто од фирмите во државава, имаат воведено фискални каси. Според податокот за воведувањето на задолжителната фискализација, се чини дека граѓаните во земјава, се навикнаа побрзо од дуќанџитте, по пазарувањето да побараат фискална сметка која најчесто не им се доставува. Санкциите кои ги спроведуваат даночниците од Управата за јавни приходи, важат и за потрошувачите и за трговците. Доколку немаат фискална сметка по излегувањето од продавница, граѓаните за купеното ќе платат казна од 5000 денари, а санкциите за трговците изнесуваат од 50 до 150 илјади денари. Еве што велат граганите, за навиката по пазарувањето од продавачот да побараат фискална сметка.

„Некогаш барам, често пати барам, и кога ми ја даваат ја земем.“

Сте наишле ли на одговор дека немаат фискална каса и што во тој случај сте направиле?

„Па, да ви кажам право немам ниту време да се расправам дали има фискална каса или не, некогаш и инает ќе ме фати. Ама, треба да поведат сметка да има и во западниот дел од Македонија. Како што може во Скопје, така може и во Шипковица, Гостивар, Тетово.“

„Треба, ама ако не даде што да правиме.“

„Има работи што треба да се направат претходно, место да се бара секој приватник да земе работник, а не фискална каса.“

„Имам навика да барам сметка и во главно ги земам сметките. Сакам да знам колку сум потрошила тој ден кога ќе дојдам дома.“


Проблемот со кој се соочуваат надлежните институции, е селективноста при воведувањето на задолжителната фискализацијата. Податоците велат дека 50% од вградените фискални каси се во Скопје, додека во останатиот дел, посебно Западниот дел од Македонија, фискализацијата се спроведува многу забавено.

Наспроти трговците кои немаат фискална каса, со што државата нема увид во нивното работење, а и оданочување, фирмите кои навреме ја исполниле обврската се жалат на нелојалната конкуренција.

„Треба да има за сите. Страшно се случува по пазарите, затоа немаме ниту работа.“
XS
SM
MD
LG