Достапни линкови

Се заборава на економскиот тероризам


Додека македонската јавност веќе две недели е преокупирана со криминалците од Ваксинце, дали ќе биде фатена дружината на Чакала, како и дали и кога ќе се стави крај на дејствувањето на терористичките групи, во Македонија сите заборавија на економскиот тероризам, кој не е од вчера туку во системот ровари веќе дванесетина години, а жртвите од него се неколку илјади, невработени, сиромашни, бездомници, просјаци.

„Има висока стапка на нееднаквост и сиромаштија, граѓанинот живее лошо, а под добро `ивеење се подразбира нешто друго“

Вели Димитар Ефтимовски професор на економскиот институт. Со стапка на невработеност од 35% што би значело дека секој трет работноспособен граѓанин е невработен, кога една третина од населението живее во сиромаштија, и со просечна стапка на раст од само 0.5% неможе да се зборува дека македонскиот граѓанин живее во нормални услови.

„Станува збор за ниски стапки на економски растеж коишто не придонесуваат за подобрување на квалитетот на животот“

Во ваква консталација на односи , Македонија се наоѓа на дното на економскиот развој во однос на земјите во транзиција.

„Стапките на раст на Хрватска се од 3 до 6,5 проценти годишно, што значи дека станува збор за економија којашто брзо расте. Се случува истото и во Бугарија со 4,5 проценти стапка на растеж. Од ова произлегува заклучокот дека се уште сме назад во однос на нашите соседи“

Да беше кризата генерирана само поради лошото влечење на економските потези економистите ќе изнајде чаре, но проблемот е што во оваа каша политиката длабоко ги замеша своите прсти, констатира Ефтимовски.

„Ако е чисто економски проблемот, мислам дека и досега економистите ќе го решеа. Меѓутоа, мешањето на политиката и другите вонекономски елементи во голема мера го отежнуваат процесот на излегување од макроекономската криза“

вака како што сега е поставен новиот систем со сите придобивки од плурализмот , демократијта, пазарното стопанисување и резултатите што се добиени за изминатиот дванаесет годишен период слободно може да се констатира дека поранешното општество кое го отфрливме, нудеше многу повеќе за обичниот граѓанин.

„Поранешниот општествено-економски систем многу повеќе придонесуваше за задоволување на личните потреби (набавка на коли, станови итн) а сега поединецот е многу ограничен во однос на животниот стандард“

вели професорот Димитар Ефтимовски од економскиот институт.
XS
SM
MD
LG