Достапни линкови

Наместо 500, во Клинички центар ќе бидат отпуштени 200 вработени


Од првично најавената бројка од 500 луѓе во најголемата здравствена институција во државава Клиничкиот центар во Скопје, сепак на удар на владините мерки за реформи во здравството ќе се најдат 200 вработени. Од нив вели првиот синдикалец во Клинички Ангел Саздовски за технолошки вишок ќе бидат прогласени 35 до 40 вработени, а останатите над 100-тина ке си заминат од работа доброволно, зашто го исполнуваат условото за одење во пензија.

„Голем беше бројот на доброволци коишто по разни основи сакаа да го ослободат работното место во Клиничкиот центар. Така што класичниот технолошкли вишок ќе се сведе на мал број во една толку голема организација со 3.912 вработени“

Дефинитивните списоци вели Саздовски терба да бидат готови до 15-ти септември, а решенијата ќ бидат врачени до крајот на месецов. Во секој случај, вели Саздовски нема да има неправилности, зашто деновиве Синдикатот формира Комисија за бодирање, која ќе утврди кои работни места се вон систематизацијата, но притоа вели тој, ќе се води сметка и за социјалнииот моемнт кај вработените

„Водиме сметка првин да биде испочитувана правната процедура, да биде многу мал бројот на тие кои ќе одат на Завод за вработување и социјалниот аспект секако да биде застапен“

Во Клиничкиот центар се чуствува тензија и вознемиреност меѓу вработените, и генерално медицинарите се плашат да говорат за актуелните црни листи и отпуштања

„Извини, не можам, се брзам“
„Немам коментар. Сега бевме во управата, се распрашувавме за условите. Возбудени се луѓето“
„Има голема превработеност, меѓутоа, за тоа кои ќе бидат отпуштени треба да реши вистински тим и да нема реваншизам“
„Неубаво. Неизвесност, несигурност, не знаеме што ќе биде утре. Неубава атмосфера“



Нема реваншизми, и целта на овие рационализации во здравството се вршат со цел да се намали дупката во здравствениот фонд предизвикана од непотребните вработувања, последните години, вели заменик министерот Никола Пановски

„Со Меѓународниот монетарен фонд е потпишано да се заштедат 200 милиони преку рационализација. Земен е еден процент од 1.400 луѓе што е 70 отсто од примените во минатата година, според нив најбезболен. Бидејќи ако се земат предвид сите примени во изминатиот период и вистинските потреби, би требало многу повеќе, но како за почеток е одлучено да се земе тој број“
XS
SM
MD
LG