Достапни линкови

На некого не му одговара конечната пресметка со криминалот


Последниве случувања во Македонија и регионов се показател дека некому не му одговара најавената подготвеност за конечна пресметка со криминалот:

„Затоа создаваат една невралгична ситуација – за да можат или да ги одбегнат ударите, или да ги остваруваат своите планови. Инструмент на програмата или идејата за голема Албанија не е во рацете на Тирана, туку во рацете на криминалот“

оценува генерал во пензија Тодор Атанасовски. За дигање на тензиите не е потребно многу:

„За тоа не се потребни 10.000 луѓе, туку петмина. Единаесет души ја нападнаа Америка. Тоа само по себе не треба никого да го импресионира. Тоа е можно и од тоа сега не треба да се прави некој проблем“

вели Атанасовски. Според него неопходно е јакнење на институциите на системот, но сурово решение не е решение на проблемот:

„Мислам дека треба да профункционира државата, но не така да го притискаме Хари Костов да почне да војува. И самиот понекогашѓ се фаќам во замка дека е најдобро тоа прашање да се реши наеднаш и окрутно. Нашата ситуација веќе не е таква и доцнење од еден ден не е лошо. Не е убаво, не од оваа власт, туку од која било, постојано да се бара преземање на радикални мерки и да прави нова војна“

Одговорноста на Македонија за решавање на проблемите не завршува во нејзините граници:

„Затоа што Македонија, и од агол на глобалните двиѓења и од агол на подземните активности, има интересна позиција и ако тука се решат одредени проблеми, тогаш ќе почне да настапува ерозијата на разни крими-интереси“

потенцира Атанасовски. Тој посочува потребна е поголема одговорност на албанскиот политички фактор, бидејќи вистинската жртва на криминалните формации се токму Албанците:

„Радикалниот албански фактор радикално постапува пред се и наспроти албанскиот народ. Еве, видете, го кренаа народот на бегање. Среде лето се селат фамилии и наместо нешто да работат, тие кутри луѓе се осудени да бегаат. Би им поставил едно прашање на сите политичари – Албанци: дали вие воопшто водите сметка за својот народ?“
XS
SM
MD
LG