Достапни линкови

ДПА не прифаќа, ПДП и ДУИ нецелосно во Ваксинце


Во 16 часот кога истекува ултиматумот што вчера го постави т.н. АНА до македонските безбедносни сили да се повлечат од кумановско липковскиот регион, пратеникот Хисни Шаќири од ДУИ ги повика сите 26 пратеници Албанци да го посетат Ваксинце и да се обидат да ги убедат вооружените банди да се повлечат од ова кумановско село. Најголемата опозицоона албанска политичка партија ДПА негативно одговори на овој повик, тие не гледаат причина зошто би оделе во Ваксинце.

„Сметам дека нема потреба пратениците да одат до Ваксинце, затоа што овој проблем може многу лесно да се реши. Не може да се оправдува поради едно лице што го бара полицијата, таму да се тероризира цел еден народ кој живее во тие села како што се Ваксинце, Лојане итн. Значи, проблемот многу лесно може да се реши – само да се отстранат полициските сили од Ваксинце и наоколу, каде што се стационирани, и не им дозволуваат на луѓето слободно да се движат“

вели Илјаз Халими. Од ПДП во Ваксинце ќе оди Исмет Рамадани, но не и Абдуљади Вејсели кој е скептичен дека пратениците ќе може нешто да направат бидејки како што вели влијанието на партениците е многу мало.

„Колку ќе се добие од тоа јас не знам, поради тоа што се знаат можностите и влијанието на пратениците во македонскиот политички живот“

Засега не е познато ни дали сите 16 пратеници од ДУИ ќе одат во ваксинце, изјави Агрон Буџак. Но, таму сигурно ќе биде Џазаир Шакири пратеник од тој регион

„Ги повикавме сите пратеници, но очигледно тоа нема да се случи, прв Али Ахмети нема да дојде а мислам дека ниту пратениците на ДПА ќе дојдат, сега е момент албанските пратеници да се покажат, бидејќи Бранко Црвенковски се обидува да прикаже дека трага по криминалци, таму нема криманалици. Јас ве уверувам дека Чакала не е во Ваксинце,“

вели Џезаир Шаќири.

Од МВР велат дека ситуаијата во куамносвско Липковскиот регион е непроменета, но доколку по истекот на ултиматумот во 16 часот бидат нападнати полициските сили тогаш соодветно ќе биде возвратено, вели Борче Пешевски советник во оделнието за комуникации во МВР

„Министерството, во рамките на со закон дадените овластувања, ги презема потребните мерки и секако дека во одредени случаи, каде што има потреба, ќе се дејствува соодветно“
XS
SM
MD
LG