Достапни линкови

Најавено надминување на проблемите до крајот на неделава


Осум паралелки со 450 ученици Албанци од економското училиште „Арсение Јовков“ дислоцирани во училиштето 8-ми септември во скопската населба Автокоманда, ја остварија заканата и го бојкотираа почеоткот на учебната година. Бојкотот е резултат на барањето на учениците и нивните родители тие да се вратат во матичното училиште во населбата Север. Нивните барања се оправдани сметаат во министерството за образование:

„Затоа што поголем дел од учениците живеат во тој дел на градот каде што е лоцирано училиштето. Воторо, зошто децата Македонци и Албанци да не учат заедно,“

изјави за Радио Слободна Европа советникот за образование Агим Фазлиу. Тој најавува, очекувам проблемот да биде решен набргу:

„Министерството работи неколку месеци да се искористат постојните услови и децата кои ја следат наставата на албански јазик да бидат сместени во матичното училиште.“

Во таа смисла за утре е најавена и средба меѓу претставниците на министерството за образование, и советот на родителите од ова училиште од која се очекува дефинитивно решавање на проблемот.

„Со родителите ние сме во постојан контакт. Јас мислам дека тој проблем ќе се реши и ќе тргнат работите,“

вели Фазлиу.
XS
SM
MD
LG