Достапни линкови

Заеднички пред усвојувањето на новиот устав на ЕУ


Денеска 17 помали земји – членки на Европската Унија и кандидатите кои тоа бидат од мај 2004 одржуваат состанок во Прага. Целта е заеднички настап во Унијата која треба да го усвои првиот Устав. Малите држави се загрижени поради тоа што во Уставот, според нив им се дава премногу моќ на поголемите земји како Франција и Германија и Велика Британија.

16 месеци во Европската Унија, односно во комитетот предводен од Жискар Д Естењ, траеа расправиите за првиот Устав со кој треба да се надминат гломазните структури пред планираното проширување со десет нови членки во мај идната година. Меѓутоа ,,Прага 17,, како што медиумите ја нарекуваат групата помали земји членки е загрижена дека со новиот Устав им се дава премногу моќ на Франција, Германија и Велика Британија. Д Естењ сметаше дека важноста на големите држави е практочно услов за политичка интеграција на Унијата. Полскиот аналитичар Александар Смолар вели.

„Тука не станува збор за добра или лоша волја туку проблемот е во визијата за иднината на Унијата. Во старата Унија малите држави беа повеќе од преставени и можеа да го блокираат процесот на одлучувањето.“

Станува збор, смета Смолар, за чист судир на интереси меѓу големиет и малите и не е изненадување што помалите држави се организираат да реагираат на новата ситуација. Франција и Германија веќе соопштија дека драфтот за новиот Устав е веќе финализиран и отие тие се противат на обидите повторно отворање на фундаменталните прашања. Инаку помалите и идните членки на Унијата стравуваат дека Европската комисија со новиот устав е ослабена како центар каде што досега се штитеа нивните права. Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер ги демантира ваквите стравувања велејки дека со уставот кој наскоро ке биде донесен улогата на Комисјата само се засилува и покрај тоа што ке немала преставници од секоја земја во исто време. Финалната конференција на која треба да биде одобрен европскиот устав треба да биде одржана до декември годинава. Од резултатите на состанокот во Прага ке се види дали ситуацијата ке се искомплицира.
XS
SM
MD
LG