Достапни линкови

Ситуацијата и натаму напната


Вооружени лица во Ваксинце има, потврди за Слободна Европа градоначалникот на Липково Хусамедин Халили:

„Тоа е точно дека селаните на Ваксинце не се сложуваат да влегуваат специјалните сили во нивното село и тие се спртивставуваат на тоа. Ние немаме информации дека има луѓе од страна, туку само од Ваксинце. Не мислат дека најдобриот начин беше илјади полицајци и огромни простори да се нападнат божем за фаќање на еден човек, туку се знае зошто се распоредуваат тие сили. Ние не се согласуваме со тоа и не мислиме дека тоа е најдобриот начин. Најдобриот начин е со преговори и договори“

И советот за национална безбедност по вчерашната седница излезе со потврда дека на теренот делуваат неколку екстремни и вооружени групации, чија цел е да ја нарушат безбедноста во Македонија. Градоначалникот на Липково Халили соопшти дека жените и децата го напуштиле Ваксинце:

„Ситуацијата е многу напната. Жените и децата го напуштиле село Ваксинце и сега за сега ситуацијата е многу напната поради тоа што има огромен број на специјални единици од полицијата. Во селата во општината има повеќе илјади специјалци кои што ја блокираат целата општина“

Во МВР денеска сеуште без коментар на ваквите случувања, иако на влерашниот брифинг тие ја потврдија информацијата за иселувањето на жителите на Ваксинце. Советот за безбедност синоќа исто така заклучи, дека е неопходно политичките субјекти, како и локалните власти и авторитети да дадат поддршка на надлежните државни органи чија цел е спроведување на законите и заштита на интересите на сите граѓани. За безбедноста, претседателот Трајковски денеска разговара и слидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Што се однесува пак до најголемата опозициона албанска партија ДПА, по синоќешниот состанок на централното претсдателство на кој била разгледана актуелната политичко – безбедносна ситуација во земјава се потенцира, дека оваа партија е против тоа преку насилство да се постигнуваат политички цели. Но, смета дека последните случувања се последица на недоследностите на актуелната влада во спроведувањето на Рамковниот договор.
XS
SM
MD
LG