Ден по ослободувањето на двајцата припадници на МВР кои беа кидапрани во Кумaново од страна на Авдил Јакупи алијас Чакала, состојбата во Карадачкиот регион е стабилна. Градоначланикот на Арачиново, Решат Ферати забележува дека никој од МВР не ги известил локалните власти за што точно се работи. Се што дознавме, дознавме од медиумите, вели тој.
„Добро е што тоа помина без поголеми проеблеми, така што можам да речам дека денеска денот е мирен како и секој ден“
Поголемо прсуство на полицијата во населените места нема вели Ферати.
„Внатре во селото нема. Има во контролните пунктови меѓу Никуштак и Арачиново, во месноста Грушино, и од страна на селото Брњарци. Внатре во селото нема. Месното население не реагира, но луѓето се исплашени од тоа што имаше недоволно информации за што се работи“
Инаку сеуште не познати под кои околност беа ослободени двајцата грабнати полицајци. МВР тврди дека немало никакви преговори со Чакала, а од друга страна не уапсен ниту тој ниту неговит соработници.
„Припадниците на МВР ќе останат на определени локации вон населените места, се додека Авди Јакупи не се предаде и не биде фатен и изведен пред лицето на правдата за стореното кривично дело“
изјави портпаролот на МВР Мијана Контевска која посочи дека деталите од акцијата за ослободување на двајцата полцајци ќе бидат соопштени во текот на денот.
„Македонската Влада кон ваквите поединци и групи ќе има нулта толеранција и ќе се соочат со целосната жестокост на безбедносните органи на Република Македонија“,
нагласи денеска премиерот Црвенковски.
Тој му порача на таканаречениот командант Чакала и неговите соработници дека за нив најбезбедно место на територијата на Република Македонија во овој момент е Истражниот затвор во Шуто Оризари.
Во меѓувреме во врска со настанот се огласи и мисијата на ОБСЕ во Македонија
„Остро ги осудуваме криминалците одговорни за ова. Тие го загрозуваат мирот и безбедноста на сите граѓани и тие немаат никаков друг мотив освен сопствениот интерес. Го поздравуваме Министерството за внатрешни работи за професионалната и навремена акција за ослободување на киднапираните. Исто така, ние целосно ја поддржуваме акцијата која е насочена против сторителите на ова криминално дело. Ги повикуваме сите граѓани да ја поддржат оваа акција. Таа ќе заврѓи штом Авди Јакупу ќе се предаде на полицијата или ќе биде уапсен“
изјави портпаролот на ОБСЕ, Изабел де Рут.