Достапни линкови

Поддршка за евроатлантските амбиции на Македонија


Унграрскиот претседател својата посета во Македонија ја реализира како шеф на држава членка на НАТО и земја која на пролет ќе стане полноправна членка на ЕУ. Во таа смисла една од темите за кои е разговарано на средбата со претседателот Трајковски беше македонската амбиција за членство во НАТО и ЕУ.

„Унгарија ќе и даде полна поддршка за евроатланската интеграција на Република Македонија“

рече шефот на инграската држава. Поддршката е и конкретна:

„Скорешната посета на вашиот министер за внатрешни работи на Унгарија само е потврда за тоа дека не само се зборува, туку и конкретно се дејствува на планот на меѓусебната плодна соработка“

Но, столбот на добрите односи меѓу двете земји секако се економските и во таа смисла е разговарано, рече претседателот Трајковски:

„За изнаоѓање на можности заинвестирање или презентација на сите економски можности и тоа преку создавање на лични контакти меѓу бизнисмените, организирање на многу стопански презентации, а се разбира еден од предусловите за интензивирање на таа соработка е олеснувањето на визниот режим кој, за жал, постои меѓу нашите две држави“

рече претседателот Трајковски. Особено внимание за унграските стопанственици претставува можноста за директни инвестиции во Македонија.

„Унгарските инвеститори се повеќе погледнуваат кон опкружувањето, во странство, и изразуваат се поголем интерес кон директни странски инвестиции во државите од овој регион. За ова убав пример претставува реализираната инвестициона програма на МАТАВ. Посебно потенциравме дека на двете страни треба да направиме напори да ја создадеме онаа клима што е неопходна за странските инвеститори – правна регулатива, политичка и економска стабилност во регионот“
XS
SM
MD
LG