Достапни линкови

САД се соочуваат со прашањето како понатаму со кризата


По нападот на штабот на Обединетите Нации во Багдад и по зголемениот бран насилство во Ирак, Вашингтон се соочува со тешки прашања околу начините како натаму ке се справува со ситуацијата. Клучното е дали ке има поголема интернационализација на ирачката криза.

Ke ja голтне ли бушовата администрација гордоста и ке ја интернационализара ирачаката криза со барање до Обединетите Нации да играат по – централна улога во стабилизацијата на земјата или ке ја демонстрира решеноста да оди сам со повеќе долари и војници во Ирак или пак со прилагодување на теренот ќе се соочи со насилството вака како што е. Британскиот министер за надворешни работи изјави дека Обединетите Нации треба да добијат поголема улога во Ирак. Вашингтон не се согласува сметајки тоа ќе ги комплицира воените операции и ке ја ослаби контролата. Меѓутоа бидејки ирачките операции чинат 4 милијарди долари месечно, американците сакаат придонес во војници и од другите земји. Франција , Индија и некои други земји одбиваат да го сторат тоа се додека Соединетите Држави не се согласат на поголема улога на Светската Организација. Од друга страна продолжуваат дебатите за концесиите што американците би требало да ги направат за да го привлечат меѓународното присуство во Ирак. Рејмонд Тантер експерт за тероризам на Блискиот Исток вели дека сега и Франција и Русија ке ги прафатат условите на Вашингтон и Лонндон за било каков нов договор со Обединетите Нации.

„По се изгледа дека сојузниците како Франција ке се качат на бродот според условите на Вашингтон и Лондон како последица на бомбардирањето на штабот на Обединетите Нации. Бопмбардирањето ја засили американската улога во пост воената реконструкција на Ирак.“

Други меѓутоа не се согласуваат со ваквиот поглед на нештата. Вилијам Неш бивш американски армиски генерал и бивш преставник на Обединетите Нации на Косово вели дека и натаму не глеад готовност кај бушовата администрација за откажување од својот став.

„Јас гледам малку енергија кај дел од администрацијата за интернационализација на напорите отколку што верувам дека би требало. “

Некои други, како професорот Рут Вигвуд од Џон Хопкинс Универзитетот во Вашингтон велат дека нападот врз штабот на Обединетѕите Нации ја покажува потребата од поголема анти-терористичка акција во Ирак. Една од стратегиите за справување со насилството во Ирак е креирањето и тренирањето на ирачки војници. Доколки ирачаните бидат дел од тој процес тогаш е можно тие да бидат прифатени на теренот, а работите одат во тој правец вели Ахмед Чалаби член на ирачкиот владин совет.
XS
SM
MD
LG