Достапни линкови

Отворањето на граничниот премин кај Танушевци од големо значење


Отворањето на граничните премини има за цел да го олесни движењето на населението кое живее во пограничните села, велат во македонското министерство за надворешни работи и во УНМИК

„Отворањето на привремениот граничен премин Стрезимир-Рестелница треба да оцозможи непосредна, брза комуникација за жителите на повеќе села што гравитираат кон овој граничен премин. Пред се, тој е во функција на решавање на преоблемите со коишто тие секојдневно се соочуваат – обработка на имотите коишто се наоѓаат од двете страни на границата. Воедно, овој премин треба да придонесе и за што поинтензивно комуницирање меѓу жителите од двете страни на границата“

изјави Санта Аргирова, портпарол на МНР, која објаснува дека граничниот премин ќе се користи секоја година од април до ноември од 7 до 19 часот, само за жителите од пограничните села. Преминувањето ќе се врши со патни исправи, но и со привремени легитимации кои на жителите ќе им ги даваат надлежните органи.

Дека граничниот премин е од големо значење за месното население се согласуваат и од УНМИК

„Ова е привремен граничен премин кој има за цел да го олесни движењето на локалното население од селата на двете страни на границата, а ке придонесе И за дополнително стабилизирање на состојбата“

вели Нираж Сингер од УНМИК

Во јули годинава исто така требаше да биде биде отворен граничен премин Танушевци-Дебалде, но тоа не се случи поради незадоволство на месното население на Танушевци кое бара дислокација на граничниот премин.
XS
SM
MD
LG