Достапни линкови

Перспективите несигурни, но сепак појасни и пооптимистички


Две години по потпишувањето за макеоднската јавност рамковниот договор сеуште се доживува како изнуден потег неопходен да се спречи војна.

„Принуден беше тој, а реално е да мора да се исполни, зашто други сили немаме.“

„Ништо не е сменето.“

„Изнудено е, иако неверувам дека ниту еден Македонец е задоволен со ова што се случи.“


„Рамковен договор е агресија невидена на целиот свет против Македонија.“

Македонците не мислат дека меѓуетничките тензии ќе завршат со промените произлезени од рамковниот договор.

„Тие и натаму имаат оружје, ние си правиме илузии дека сега некој доброволно ќе го предаде оружјето.“

„Не гледаме ништо подобро, само бетер, полошо и полошо.“


Албанците пак забележуваат дека рамковниот бавно се спроведува но оти сепак има подобрување во однос на случувањата пред две години

„Уште не е стигнато тоа што е ветено и очекувам да биде поубаво. Јас сум од горе од селото, и знам како беше со пунктови, сите ме пцуеја и очекувам да биде подобро.“

„Сега, сега не е подобро ич.“


Нешто во што сите се согласуваат е констатацијата дека во Македонија владее лоша економска состојба која ги засега сите и многу е поважна од политиката.

„Нас не интересира, економијата, да се работи, да има пари, да има стандард.“

„Сиромаштија е голема“
XS
SM
MD
LG