Достапни линкови

Потребни промени во судството


Факт е дека моменталната организација во судството не може да се носи успешно со борбата против организираниот криминал и корупцијата, голем број од обвиненијата поднесени од скопското јавно обвинителство сеуште не се пресудени, вели скопскиот јавен обвинител Стерјо Зиков. Состојбата е толку лоша што и доколку обвинителството не поднесува нови обвиненија до судовите, нив ке им требаат околу три години за да ги пресудат веке поднесените обвиненија:

„Судиите имаат огромен фонд, околу 300 предмети најмалку во работа и многу често се случува тие во еден ден да натрчат по 15 предмети. Сето тоа прави ситуација судијата да не може да се концентрира на предметите.“

Врховниот судија Агим Мифтари признава дека постои бавност во постапките пред судовите пред се заради лошата организација на доставата, која сега странките ја користат за да ги одложуваат постапките, но излез е вели Мифтари во измените на законот за кривична постапка со кои ке се заострат казните за ваквите злоупотреби:

„Судиите имаат некоја ориентациона норма, меѓутоа објективно иако судат десет до 12 денови, затоа што објективно не може да завршат предмети заради злоупотреба на странките.“

Но, судовите вели Мифтари ќе треба да се преорагизираат и да се формираат сцецијализирани судови, а не како досега во основните да се судат и дела од тежок криминал и прекршочни предмети, кои ќе треба да се пренасочат во административни судови на пример:

„Нема резон во една обична постапка да се суди и казна доживотен затвор и казните за прекршоците коишто се минимални.“

Освен овие измени за поуспешна борба со криминалот и корупцијата и обвинителството и судството ќе се преорганизираат во смисла на формирање на посебни оддели кои исклучиво ќе се занимаваат со делата од организраниот криминал.

„Некаде до крајот на годинава ќе го формираме тоа одделение што ќе може да се бори поефикасно против овој криминал. Меѓутоа, ќе мора да се промени и членот 19 од Уставот, зашто без примена на специјални мерки сериозна борба против организираниот криминал не е можна.“

„Сигурно ќе треба и судството да се реорганизира, зашто ако останеме само обвинителите да имаат таков тим, нема да направиме ништо.“
XS
SM
MD
LG