Достапни линкови

Владо Бучковски, министер за одбрана. Македонија го презема лидерството во регионот за промовирање на соработка


Која е целта на состанокот во Констанца?

Нашите единици, армиите од државите на југоисточна Европа имаат посебна сибрид бригада која веќе подолго време се подготвува пред промоцијата каде ќе ја прави својата прва мисија. Примопревадањето на претседателството, преземањето од страна на Романците е повод зошто ќе се сретнеме со колегите токму во Констанца.

И оваа средба, претпоставувам, ќе биде една од низата билатерални и мултилатерални средби што ги имате во функција на изградбата на еден своевиден регионален безбедносен систем?

Токму така. Република Македонија го презема лидерството во регионот во промовирањето и стимулирањето на засилената регионална соработка, се со цел да воспостави еден мини безбедносен колективен систем кој ќе придонесе што поскоро Република Македонија, но и државите во регионот да бидат дел од НАТО алијансата. Ние имаме посебна соработка во изминатите девет месеци со Албанија и со Хрватска затоа што сме заедно членови на Јадранската група, но правиме напори да ги стимулираме и другите држави од регионот да ни се приклучат во овие напори. Јас сум исклучително задоволен од степенот на соработката.

Во колкава мера во сиве овие зафати и настојувања ја имате поддршката од Грција како членка на НАТО алијансата?

Грција е исклучително коректна и не поддржува во сите овие напори. Тие на последната средба што ја имав пред десетина дена со министерот Папаантониу ја промовираа идејата наместо формата 2 плус 2 која беше замислен – а тоа е поддршката на Грција и Турција на напорите што ги прават Република Македонија и Република Албанија за полноправно членство во НАТО – да го прошириме тој круг со уште две нови држави – тука да влезат и Хрватска и Италија – што исто така е еден придонес во сите овие напори што воопшто ги прави регионот конечно да се стабилизира и да почне и да почне фазата на економски просперитет, која ни е најнеопходна.

Поканата за членство во НАТО се очекува следната година. А до каде се реформите?

Јас сум умерен оптимист, верувам дека на самитот во Истанбул во 2004-та година моѓже да се добие недвосмислена изјава од членките на НАТО дека прогресот што го прават Република Македонија, Албанија и Хрватска, ќе ги доведе до поканата во 2006 година. Останува да бидат завршени уште неколку сериозни работи. Тие ќе произлезат од стратегискиот одбранбен преглед, кој сега е актуелен. Верувам дека по завршувањето на овој преглед, ќе биде промовинара новата визија на Армијата на Република Македонија во моментот кога ќе стане членка на НАТО.
XS
SM
MD
LG