Достапни линкови

Наместо Франција, повеќе национална команда на мисијата


Во иднина мисијата на „Конкордија“ во Македонија ќе биде под водство на повеќе национална команда. Наместо досегашното раководење од страна на Франција. Портпаролот на ЕУ во Македонија Ирена Ѓузелова вели оти таквата промена на раководството е направена на барање на Франција и оти формална одлука сеуште не е донесена, но се очекува тоа да биде направено најверојатно во текот на идната недела:

„Вчера беше донесена формална одлука да продолжи мисијата на „Конкордија“, но немаше формална одлука за водството на мисијата. Министрите за надворешни работи одлучија мисијата да биде под мултинационално водство од Франција, Шпанија, Италија, Португалија. Тоа значи дека овие земји ќе го обезбедуваат најголемиот дел на мисијата“

вели Ѓузелова.

Таа појаснува оти оваа промена на командата на силите на ЕУ во Македонија во суштина е слична како таа според која функционираше „Сојузничката хармонија“ на НАТО, кога немаше една земја што би имала командна улога. Таа не прецизираше од кои причини Франција побарала да нема командна улога во мисијата, но според информациите, таа земја се реши на таков чекор поради учеството на нејзините војници во други мисии во светот. Целта на мисијата „Конкордија“ во Македонија пак, во наредниот период ќе биде во функција на натамошна стабилизација на земјата:

„Мислам дека генералното чувство е оти тие треба да останат, бидејќи имаше инциденти во последните месеци. Но, генералната слика се подобрува. Европската Унија само го почитува барањето на Македонија. За во иднина може да има полициска мисија водена од Европската Унија која ќе следува по „Конкордија“

изјави портпаролот на ЕУ во Македонија Ирена Ѓузелова.
XS
SM
MD
LG