Достапни линкови

Сирија и Иран продолжуваат да ги поддржуваат терористите


Американскиот претседател Џорџ Буш ги обвини Иран и Сирија дека ги поддржуваат милитантите кои се обидуваат да го загрозат блискоисточниот мировен процес.

„Денес Сирија и Иран продолжуваат да им даваат засолниште и да ги поддржуваат терористите. Ваквото однесување е целосно неприфатливо и земјите кои го поддржуваат тероризмот ќе одговораат за тоа.“

Овие обвинувања веднаш беа отфрлени од шефот на иранската дипломатија Камал Карази. Според него Иран не само што не ги засолнува терористите, туку и се бори против нив. Тој изрази уверување дека Соединетите Американски Држави ги кријат терористите, бидејќи, како што наведе, токму сега секој агол на Ирак е контролиран од американците. Шефот на иранската дипломатија ги повтори и обвинувањата дека Вашингтон ги поддржува вооружените ирански бунтовници кои оперираат од Ирак.
XS
SM
MD
LG