Достапни линкови

Во иднина потопли сушни лета, и понекогаш големи поплави


Врнежите што одвреме навреме ги зафаќаат деловите не Европа, доколку не продолжат и во иднина нема да бидат доволни да ги намалат штетите од долготрајната суша која го десеткува приносот на земјоделските производи, предизвикува недостаток од вода и создава услови за шумски пожари. Според експертите и во иднина можеме да очекуваме се потполи лета и одвреме - навреме големи поплави.

Во последниве недели во Европа се чувствува недостаток од дождови. Топлотниот бран ги зголеми темпаратурите и до 40 степени во Италија и Франција. Дури и Британија се соочува со невообичаени летни горештини. Можеби добри за туристите и годишноодморците, овие температури ја зголемуваат загриженоста за земјоделскиот принос годинава како и опасноста од шумските пожари. Земјоделците во Унгарија и Словачка веќе ги проценуваат штетите од незапаметената суша. За првпат во последниве 25 години фармерите во Швајцарија мораа да бараат нови пасишта бидејќи старите се исушија. Рестрикции на вода се спроведуваат во франција и северна Италија. Нивото на реката По опадна на рекордно ниско ниво. Сушата резултираше и со зголемување на цените на производите. Продавачката на овошје во Северна Италија Марта Гјампи вели

„Не можеме да произведеме доволно за да ја задоволиме побарувачката и цените се зголемуваат. Тоа се должи на мразовите во пролет и сегашната суша.“

Неодамнешните врнежи не се доволни и ситуацијата би мошела да се влоши вели Патрик Галоа од француската метеоролошка служба

„Во мометнов сушата е веќе загрижувачка . Работите би можеле да станат драматични во следниве недели ако времето продолжи да биде слично.“

Според британскиот научник Тим Осборн истражувањата невестуваа дека е малку веројатно годинава во Европа да падне вообичаеното количество дожд.

„Во просек би можеле да имаме серија сушни лета прошарани со повремени силни дождови кои можат да предизвикаат поплави.“

Според Озборн и сушата годинава, како и поплавите минатата година можат да бидат толкувани како резултат на глобалното затоплување.
XS
SM
MD
LG