Достапни линкови

Во Југоисточна Европа алармантно зголемувањето на заболените од СИДА


Во најновиот извештај на Светската банка се посочува дека во неколку земји од Југоисточна Европа е алармантно зголемувањето на заболените од СИДА. Во извештајот се додава дека повеќето од овие лица немаат адекватна здравствена грижа.

Извештајот на Светската Банка, во кој се наведува дека над милион и двесте илјади лица кои живеат во Источна Европа и во Цeнтрална Азија се инфицирани со сида, посебно се однесува на Романија, Бугарија и Хрватска. Така, според податоците, во Романија имало тринаесет илјади заразени, додека во Бугарија и Хрватска по триста и пеесет. Експертите велат дека овие бројки би можело да се и повисоки, бидејќи во тие земји недоволно се спроведува сида тестот. Светската Банка наведува дека трите држави имаат исти проблеми – висока стапка на невработеност и сиромаштија што се ефектуира врз здравството и образованието. Како еден од факторите за ширење на сидата се посочува и нелегалната проституција. Оваа епидемија, како што се наведува, влезе во регионот преку зависниците со дрога, но според предвидувањата на Светската Банка сидата наскоро ќе почне да се шири и меѓу обичното население.

„Лековите против сидата се многу скапи. Дури и со помали цени овие земји не ќе можат да ги набавуваат поради малите средства во нивните фондови за здравствена заштита.“

Вели Доминик Хазен – еден од авторите на извештајот на Светската Банка. Според европскиот координатор на програмата на Обединетите Нации за борба против сидата Хенинг Микелсен, Југоисточна Европа, по Африка, би можела да стане следното светско кризно место доколку не се преземат мерки за згрижување на веќе заразените и за превенција и едукација на населението, особено на младите, за тоа како да се заштитат од оваа болест.

„Младите живеат во многу непостојана ситуација. Во некои земји се уште има последици од воените конфликти што создаваат тешки психолошки и социјални ситуации за младите луѓе. И како резултат на тоа тие се свртуваат кон дрогата.“

Во извештајот се додава дека десет проценти од болните од сида во Европа се заразиле со овој вирус преку употребата на дрога.
XS
SM
MD
LG