Достапни линкови

Истрагата е во тек


Истрагата е во тек е најчесто повторуваната реченица од преставници на МВР, во врска со бомбашките напади кој се случуваат низ Македонија а и убиства на невини граѓани од страна на криминални банди кои слободно се движат дури и низ улуците на главниот град. Сеуште нема ништо ново околу истрагата за убиството на 5-те лица минатата среда кај Т.Ц „Чаирчанка“ при што беа ранети и неколку други недолжни граѓани.

„Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за да ги утврди сторителите на делото, како и да ги потврди своите сознанија со коишто располага заради преземање на понатамошни мерки и спроведување на судска постапка“

изјави портпаролот на МВР Мирјана Контевска , која посочи дека истата оценка важи и за останатите случаи, како на пример поставувањето на двете експлозивни направи во центарот на Скопје пред неполн месец, едната кај Т.Ц. Мавровка а другата во непосредна близина на зградата на Македонски Телекомуникации.

„Министерството за внатрешни работи располага со снимки од објектот на Македонски телекомуникации од три камери коишто во тој период регистрираа движење на определени личности околу објектот. И МВР работи на анализирање и идентификување и да видиме дали од тоа ќе добиеме дополнителни сознанија околу натамошниот тек на идентификацијата на определени луѓе и нивно распрашување“

изјави само еден ден по овои напади министерот за внатрешни работи Хари Костов. Меѓутоа барем досега нема информации од МВР дали снимките преземни од Македонски телекомуникации помогнале во текот на истрагата.

Професорот Ферид Мухиќ објаснувајќи ја појавата на брзото заборавање на ваквите инциденти од страна на македонските граѓани вели:

„Мислам дека не може да се остане рамнодушен кон злото, кон смртта и кон насилството. И во таа смисла, просто сме заситени од неефикасноста на полицијата. Вообичаеното стојалиште меѓу граѓаните е дека таму каде што полицијата не разрешува на извесен начин и самата е замешана, и затоа не инсистира врз решавањето и ги остава нерасветлени тие случаи. Просто човек не знае кое од двете стојалишта е понепријатно и понегативно за чувството на безбедност на граѓаните. Место за оптимизам во оваа смисла нема многу и само една организирана акција на граѓаните која би ги притиснала соодветните министерства и одговорните лица, можеби би дала одредени резултати“
XS
SM
MD
LG