Достапни линкови

Владимир Преља, амбасадор на Албанија. Меѓусебните односи многу добри, потребно работа на економијата


Господине Амбасадоре како ја оценувате соработата меѓу Македонија И Албанија, по усвојувањто на Јадранската Повелба во Тирана ?

Би ја оценил како извонредна. Многу интензивни односи, кои од ден на ден ја продлабочуваат соработката. Таа се темели врз два правца: во правец на интеграција во северо атлантските структури и во правец на една политичка филозофија и заедничка програма за зачленување во Европската Унија. Би кажал и дека меѓусебните односи се многу добри, но се разбира треба уште многу да се направи во однос на економската соработка меѓу Македонија и Албанија.

Во однос на безбедносната ситуација во регионот, сведоци сме на чести погранични инциденти меѓу двете земји, според вас која е причината за ваквата појава ?

Тоа покажува дека е потребно во некои области да се работи поинтензивно, околу подготовката на една заедничка агенда која би придонела за побезбедни граници, и истовремено проодни за двата народа, трговијата и за продлабочување на економските и културните односи, но не и за криминалците, трговците со бело робје и дрога. Јас гледам дека во Македонија се одвива еден забрзан и позитивен процес во извршувањето на потребните реформи кои се адекватни за создавање сигурни граници меѓу двете земји и истовремено избегнување на пограничните инциденти.
Од албанската страна се работи со ист интензитет во борбата против организираниот криминал , какои и преземањето мерки за олеснување на граничното преминување за луѓето и стоката. Мислам дека многу важен елемент во таа насока е отворањето нови гранични премини кои би им овозможиле на жителите од руралните зони од двете страни на границата да се занимаваат со мали економски активности. Предложено е да се отворат два нови гранични премина. Едниот предлог е даден од македонска страна и веќе е усвоен од албанската влада , а за вториот предлог кој е даден од наша страна сеуште немаме добиено одговор од македонската влада. Либерализацијата на границите придонесува во намалување на незаконските активности и преставува удар за организираниот криминал, мислам на терговијата со дрога , оружје И луѓе. Со Македонија конкретно веќе постојат и официјални предлози од страна на албанското Министерството за надворешни работи. Едниот е за издавање визи во сите гранични премини а вториот за целосно прекинување на визниот режим меѓу двете земји. Во македонското Министерство за Надворешни работи се разгледуваат овие предлози и се надевам и убеден сум дека ќе добиеме адекватен одговор .


Колку за Македонија и Албанија е важно реализирањето на коридорот 8 И дали двете земји учествуваат со некој заеднички проект?

Со средбата во Тирана која се одржа неодамна практично се воспостави заедничка платформа која веќе е обработена во неколкуте меѓусебни средби на различни нивоа. Според мене проектот на Коридорот 8 веќе ја ужива и официјалната подршка на ЕУ. Ова го оценувам како многу важен чекор, бидејки благодарејки на Италија коридорот 8 како и коридорот 10 се најдоа меѓу главните приоритети на ЕУ во претстојните 6 месеци. Мислам дека важноста на Коридорот 8 е во тоа што станува збор за создавање концепт за регионална соработка и истовремено развивање на тие области кои се од заеднички интерес за земјите кои се опфатени со него. Од друга страна сметам дека се работи за наш заеднички интерес, бидејки Коридорот 8 е пат кој ќе го води Балканот во Европа, но истовремено и Европа во Балканот .
XS
SM
MD
LG