Достапни линкови

Крег Џенес, амбасадор на ОБСЕ во Македонија. Од временска дистанца значително подобрување на безбедносната состојба


Сведоци сме на инциденти. Според вас како влијае ова на безбедносната состојбата во земјава?

Тоа покажува дека постои одреден степен на фрагилност и дека треба повеќе да се направи од полицијата и судството да ги истражат овие работи и да обезбедат виновниците да се појават пред лицето на правадата. Јас мислам дека е важно работите да се гледаат од временска дистанца, така може да се каже дека има значајно подобрување на состојбата. Ние не веруваме дека оние кои што практикуваат насилство за да остварат политички цели имаат вистинска поддршка од популацијата. Во оваа смисла 99,9 проценти од населението сака мир и сакаат да продолжат со животот и да имаат подобра иднина.

Ваша оценка за работата на мешаните полициски патроли со оглед на тоа што токму каде што тие патролираат исто така има инциденти?

Јас мислам дека тие беа многу ефикасни во подобрување на довербата мегу месното население и полициската служба. Во регуларната секојдневна работа на полицијата тие вршат добра работа и во секоја земја справувањето со организираниот криминал, со некои криминални групи е предизвик за полицијата. И со тоа не секогаш се справуваат лугето во сини униформи, ако има организиран криминални групи потребни се големи полициски акции. Генерално ние сме многу задоволни со работата на овие полицајци, ние веруваме дека мултиетнички тимови се единиствен начин за патролрање во овие региони, но сметаме дека треба многу повеке да се направи во насока на реформа во министерството за внатрешни работи вклучувајки ја и мултиетничката специјална полициска единициа која може да се справува со организираниот криминал. Полицијата треба да работи во Европа и во целиот свет на тој начин што ќе демонстрираат дека се сервис на заедницата и работата со неа за да и обезбедат сигурност, а тоа бара доверба мегу граганите и полицијата, и јас мислам дека ова е една од најважните придобвики на мултиетничките патроли. Тоа суштински ја подобри довербата во заедниците. Исто така би додал дека и заедниците имаат одговорност, односно треба да работат и да им помагаат на патролите да ја вршат својата работа. И ова е дел од целиот процес на заедничко патролирање на кој работиме и за кој се надеваме дека со тек на време ке биде особено успешен.

Сеуште има раселени лица од конфликтот во 2001. Постојат ли услови за нивно враќање?

Од конфликотот 95 проценти бегалци и внатрешно раселени лица се вратени во нивните домови, тоа не значи дека треба да се минимизира дека постојат проблеми за оние кои сеуште се раселени. Во многу случаи има проблеми со реконструкциајта, на ова се работи и се надевам дека домовите ке бидат обновени. Мислам дека на повекето места безбедносната состјба е таква што лугето можат да се вратат ако сакаат, и ова е нешто што треба да се гледа од хуманитарен аспект и да се избегнува политизирањето. Ако домовите се реконструирани и безбедносната состојба е стабилна, за што ние веруваме дека тоа е случај на повеке места лугето треба да се вратат. Постојат два проблеми, а тоа е реконструкцијата и политизирањето на ова паршање. Реконструкцијата се одвива нешто побавно од она што го сакавме , но сепак е во тек, но мислам дека има луге кои го користат ова за сопствени политички цели и се обидуваат да испратат политичка порака дека состојбата е нестабилна. Ние веруваме дека во повекето случаи ова е некоректно и дека овие луге треба да се вратат.

Во охрискиот договор е предвидена децентрализацијата. Што велите за овој процес?

Ова е еден од клучните елементи од рамковниот договор, а исто така и за долгорочна стабилност овде. Тоа е европски модел и мислиме дека е важно процесот кој се разбира е комплексен, да се имплементира што е можно побрзо. Но, ние веруваме дека до локалните избори што треба да се одржат следната година поголем дел од пакетот закони од оваа област ке бидат финализирани.

Јас се обидувам да им го објаснам моето гледање на лугето дека ова е предизвик кој е во тек, како и во други земји во светот. Има мешана популација, мутиетничко општество и оттука постои предизвикот за заедничко живеење и тоа е нешто што треба да се постигне. Тоа бара две работи: обврска да не се користи насилство за политички цели и второ да се работи во една демократска рамка, како што е уставот и да се наогаат политички компромиси. И јас морам да потенцирам дека во вашата земја споредено со други постои разбирање за политички компромиси. Охридскиот договор е одлично достигнување на тој план. Мегуетничките односи ке продолжат да бидат проблем но тој може да се надмине. Кога зборуваме за Куманово разочарани сме бидејки не е најдено решение пред крајот на училишната година. Министерот Положани ни потврди оти решенијата кои се спроведени се привремени и дека тој е обврзан на мултиетничноста како принцип во образованието. Јас мислам дека во текот на летото треба да се работи на овој проблем.

Поминаа скоро две години од потпишувањето на рамковниот договор. Како ја оценувате неговата имплементацијата?

Јас навистина мислам дека се одвива добро, особено имајќи ги предвид тешкотиите и фактот дека земјава се соочува со предизвици кои не се поврзани со охридскиот договор- економската ситуација е многу лоша, има низа на обврски кои Македонија треба да ги исполни на патот кон Европската унија... Со оглед на сите овие околности факт е дека стигнавте таму кај што сте - безбедносната состојба е генерално стабилна, уставните амандмани се усвоени како и повекето закони кои произлегуваат од охридскиот договор. Мислам дека е интересно што лугето сега повеке разговараат за економија и проблеми во економијата, отколку за проблеми на мегуетничка основа. Тоа е показател за позитивен развој. Нема простор за забелешки, тоа мора и понатаму да биде еден од највисоките приоритети. Нашата оценка е навистина многу позитивна.
XS
SM
MD
LG