Достапни линкови

Главна тема Коридорот 8


По седумгодишна изградба на Коридорот 8, оваа капитална инвестиција сеуште тапка во место. И покрај фактот што пред една година, кога министрите за транспорт и врски на Македонија, Бугарија, Албанија и Грција во Софија го потпишаа меморандумот за изградба на Коридорот 8, и сите помислија дека работите ќе се активираат тие повторно се доведоа во состојба на статус кво. Силното грчко лоби на кое не му одговара изградба на делницата Драч – Бургас преку Македонија не дозволува да биде одврзано ќесето на земјите членки на ЕУ. Ваквите опструкции од грчката страна доаѓаат од фактот што Грција е заинтересирана за финиширање пред се на изградбата на својот коридор. До сега, само на македонскиот дел од коридорот се инвестирани 120 милиони долари, за што експертите коментираат, ефектите се многу мали, а трошоците растат:

„Што се однесува до Република Македонија, изграденоста на Коридорот 8, досега е околу 90 километри. Во овој момент се прават главните изведбени проекти на коридорот. Се очекува до крајот на оваа година да ги имаме готови сите главни проекти и техничката документација, а се очекува и да се забрзаат активностите со меѓународните финансиски институции околу обезбедување на средствата,“

вели Билјана Здравевска одговорна за Коридорот 8 во министерството за транспорт и врски. Според пресметките, за финиширање на изградбата на овој проект само на Македонија ќе и бидат потребни уште околу 500 милиони долари. Во ваква консталација на односи доколку за проектот државата не добие помош во вид на грантови или поволни кредити и тоа што побрзо сосема е нормално нашата земја сообраќајно да биде заобиколена, со оглед на фактот што со завршување на грчкиот коридор на Бугарија и се дава реална можност за поврзување со Јонското Море. Според пресметките на експертите покрај финансиските средства од ЕУ, ќе треба да се обезбедат и финансиски средства од странски инвеститори, кои својот ќар ќе го гледааат во добивањето на делови од Коридорот под концесија и нивна експлоатација.
XS
SM
MD
LG